Најмалку 16 лица загинаа кога ученички автобус со унгарски регистарски таблици синоќа удри во столб на автопат во северниот дел на Италија и се запали.

Околу 36 повредени патници се пренесени во болница во Верона, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем. Во автобусот патувале Унгарци на возраст меѓу 14 и 18 години.

Автобусот со 50 патници го возел француски државјанин. Децата се враќале од Франција, каде биле на екскурзија. Се уште се расветлува причината за несреќата.