Во својот говор пред државните политички и религиски претставници, претседателот Ѓорѓе Иванов од собраниската говорница потенцираше дека изминатава година била проследена со политичка криза која станувала нова нормалност на која граѓаните почнале да се навикнуваат.

Како што рече тој, додека во светот се водат дебати за климатските промени, вештачка интелигенција, четвртата индустриска револуција, дебатите во Македонија се сведени на фаќање сеир на другиот.

Но она што е фокус на неговиот говор денеска во Собранието е дека правдата била сведена во реваншизам, во моменти кога на Македонија и е потребно помирување.

Тој најпрво се осврна медиумите кои ги искритикува дека биле заробени а преку лажни вести и објави на социјалните мрежи, сакале да го искриват неговиот имиџ.

„Загаден е јавниот и медиумскиот простор. Никогаш порано вистината не била толку заробоена. Влијаат лажни вести и Интернетот. Главните актери, преку лажни вести влијаат врз луѓето. Наместо да ја прочитаат главата 7 од Уставот, некои се обидуваа да наметнат лажна слика за мене дека сум планирал да прогласам вонредна состојба. Лажните вести, гласините – вршат ерозија врз институциите. Генерирањето и емитувањето на лажни вести на медиумите и на социјалните мрежи без мониторинг, е основа за тензија и конфликт. Треба да сносат одговорност сите кои генерираат лажни вести“, рече Иванов, кој потоа продолжи кон случувањата од 27.април и судските последици за кои рече дека биле „реваншизам“.

„Одмазадата води кон нова омраза. Кој постапил спротивно на Уставот и законот, треба соодветно да одговара. Но одговорноста не смее да се генерализира. Граѓаните имаат права на одбрана. За жал видовме граѓани од „Заедничка Македонија“ и пратеници кои беа апсени или обвинети за тероризам…Правдата завршува таму каде што реваншизмот започнува. Затоа постојано повикував на смирување на тензиите и на разумно однесување. Мора да ја вратиме културата на политички дијалог. Лидерите на власта и опозицијата треба да имаат нормална комуникација во интерес на граѓаните.  Во државата како политичка заедница сосема е нормлано да не се согласуваат сите, но не е нормално да се уништуваат поради тие различности“, рече Иванов.

Тој за време на својот говор упати критики и до политичките партии и падот на економијата.

Рече дека очекува од надлежните инситуции и локалните самоуправи да се справат со загаденоста на воздухот и дека ги поддржувал граѓаните од Југоисточниот регион кои бараат затворање на рдуниците.

„Се бара затворање на рудниците, а барањето на граѓаните е и мое барање. Експлоатацијата таму влијае врз животната средина. Очекувам контролните механизми на државата да спроведат итни строги мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето во тој крај“, рече Иванов меѓу другото.

Борба против тероризам, сајбер закани и нелегална миграција

Во однос на безбедноста, Иванов рече дека светот и со тоа и Македонија се соочува со голем број закани, како сајбер заканите, глобалните климатски промени, тероризмот и безбендосните реизици од илегалната миграција. Како врховен командат тој рече мисијата на АРМ ќе се состои од 4 задачи: заштита на територијалните интегритет и заштита на границите од илегалната миграција, учество во мировни операции во ОН во региони од каде доаѓаат заканите, поддршка на полицијата во борба против урбаниот тероризам од терористите кои по престојот на боиштата се враќаат и ги радикализираат младите, поддршка на кризниот менаџмент за справување со природни непогоди и загадувачи и превенција од сајбер закани и напади.

Иванов рече дека една од областите за соработка со Владата се интеграциите, посочувајќи дека земјата и покрај тоа што во изминатиот период минувала низ сложен политички амбиент, опстојала на евроатлантскиот пат.

Тој посочи дека единствен начин за враќање на Македонија на патот е ЕУ да даде безусловна препорака и почеток на преговорите, а НАТО да ј исправи неправдата од Букурешт и да ја прими во членство Македонија.

Односи со соседите: Критика на Белград и Косово

Во однос на надворшената политика и односите со соседите, Иванов со критики кон потезите на Србија и Косово, нарекувајќи го популизам со негативно влијание.

Тој го посочи примерот на Белград и како ѓшто ја нарече „контраразузнавачката измама“, истакнувајќи дека Македонија се уште ги чека доказите од Белград.

Владата на Косово ја критикуваше за финансиската помош за семејствата на како што ги нареле терористите од Гошинце и Куманово, прашувајќи дали е тоа „израз на благодарност за признавањето на независноста на Косово и за приемот на бегалците во 1999 година.

Тој посочи дека во актуелната ситуација потребно е да се одмерува секој збор и да се избегнува остра реторика, особено кога некои змеји од регионот влегуваат во нов циклус. Или како што рече, секоја неумесна политичка изјава може да предизвика земјотрес.

Во врска со односите со Грција, Иванов ја поздрави посветеноста на Владата во напорите з арешавање на проблемот со иемто, кое како што рече суштински влијае на безбендоста и на просперитетот на регионот. Тој повика на претпазливост, истакнувајќи дека тој не е ниту оптимист ниту песимост, туку реалист.

Тој притоа истакна дека досега во овој процес прашањето било „заложник“ на ЕУ и НАТО и затоа рече дека тој процес мора да с еврати во рамки на ОН каде, според него сите се рамноправни, со почитување на меѓународното право и меѓународно преземените обврски.

Во контекст на напорите на Владата за градење добрососедски односи, тој го поздрави Договорот со Бугарија, за кој рече дека е резултат на компромис, кој не може да ги задоволи сите, но на него треба да се гледа од аспект на иднината, а не на минатото.

Тој исто така повика и на градење балансирани односи со сите постојани земји членки на Советот за безбендост на ОН, споменувајќи ја тука Кина, како и со стратешките апрнери, како САД и како што рече Турција.

Закон за јазиците

Посебен дел од своето обраќање Иванов посвети на законот за употреба на јазиците, споре кого, „заради краткорочни политички поени, се доведуваат во прашање трајните интереси на РМ“.

Тој рече дека колку што е оапсно неспроведувањето на Рамковниот договор, толку е опасно и излегувањето од неговите рамки, истакнувајќи дека овој закон ваков каков што е е закана за унитарноста на државата.

Тој исто така го критикуваше европското знаменце на овој закон, истакнувајќи дека не постои европска директива за донесување на овој закон.

Со тоа, како што рече Македонија станува единствена држава која сама си наметнува услов за членство во ЕУ.

Според него овој закон има повеќе недостатоци: не е прецизирано што е официјален јазик и со тоа се комплицира неговото спроведување, репресивен е, не е во согласност со Уставот и законите и не претставува заканата за македонскиот јазик, туку за унитарноста на државата, односно го крши, како што рече, највисокиот закон во државата – Уставот.

Ги повика лидерите на сите парламентарни партии прво да ги слушнат експертите и да направат квалитетен закон што нема да биде оспорен и што ќе понуди сеопфатно решение што вистински ќе ја унапреди употребата на јазиците, без притоа да создава поделби. За изработка на таков закон, рече, потребна е вистинска јавна дебата и најширок можен консензус.

Истанбулска конвенција

Иванов на крајот говореше и за преземените активности во однос на спречувањето на насилствата врз жените и семејното насилство, при што ја посочи ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа, позната како Истанбулска конвенција, в која како реше, меѓудругото, „преку родовата перспектива, Конвенцијата воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт, што е независен од биолошкиот пол, и што може да се менува според волјата“.

Тој рече дека  во изминатиов период до него стигнале писма со загриженост во кои се посочува дека одредени членови на Истанбулската конвенција се контроверзни и истите не би требало да станат дел од македонскиот правен систем без консултација со пошироката експертска јавност.

Тој го кажа неговото мислење, според кое „воведувањето на ново поимање на родот и полот без отворена јавна дебата со родителите, педагозите, психолозите и сите оние кои се вклучени во образувањето на младите, ќе доведе до наметната толеранција, без вистинско и искрено почитување на различноста“.

ВМРО ДПМНЕ се врати во Собранието

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се вратија во Собранието за да го следат обраќањето на Иванов откако неколку седници го бојкотираа парламентот поради притворот на нивните колеги, осомничени за настаните од 27 април.

Во собраниската сала присутен беше и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е сега пратеник.