Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите станаа табу тема

0
By Нова ТВ on April 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2020 10:35

Ако јуни/јули не е соодветен за избори, а епидемиолозите стравуваат дека наесен може има нов бран на ковид-19 кој ќе стане сезонска болест, тогаш станува неизвесно – кога Северна Македонија ќе оди на избори? – На стравувањето од есенскиот бран му претходи и неизвесност по прашањето како ќе се одвива внатрешниот, но и надворешниот туризам, откако соседните земјите веќе најавија планови за старт на туристичката сезона. Доколку летните одмори и есента донесат непосакувани епидемиолошки трендови, а со тоа и потреба од втор круг на битка со вирусот, тоа би го зацементирало мандатот на техничката влада на многу подолг рок, но во истите неповолни услови – со распуштено Собрание.

Заради опасноста од есенски бран на ковид-19, а по пролетното ставање на вирусот по контрола, можноста да одат на избори во јуни/јули најверојатно ќе ја искористат земјите во соседството. Во Србија, каде парламентарните избори беа закажани за 26 април, а беа одложени поради епидемијата, според неофицијални информации тие би можеле да се одржат меѓу 5 и 19 јули, доколку здравствените биланси укажат дека вирусот е ставен под контрола. Поради константно подобрување на епидемиолошката состојба, и властите во Хрватска планираат да распишат парламентарни избори кои би се одржале во средината на јули.

Во Северна Македонија спомнувањето на избори во моментот се третира како табу тема, поради страв дека може да биде сфатено како недостиг на интерес за здравјето на граѓаните. Сето тоа, во време кога парламентот не заседава, а техничката влада функционира во услови на вонредна состојба.

Лидерска средба

Аналитичари со кои разговараше „Дојче Веле“ сметаат дека за ова прашање партиските лидери треба да разговараат на лидерска средба кај претседателот на државата, каде ќе бидат ставени на маса сите епидемиолошки податоци за состојбата со ковид-19 и стручни оценки дали претстојниот период овозможува безбедно спроведување на изборен процес.

Од Кабинетот на претседателот најавија лидерска средба за првата половина од мај, што се совпаѓа и со периодот во кој треба да завршат 30. дена од второто прогласување на вонредна состојба.

„Претседателот Пендаровски планира да организира таква средба во првата половина на следниот месец. Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот. На средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори“, изјавија од кабинетот на Пендаровски.

Иако партиските лидери изјавуваат дека „во прв план е здравјето на граѓаните, а не изборите“, според нашите соговорници, постои впечаток дека и таа изјава не е ослободена од партиски калкулации: едни сакаат избори летово, други што подоцна, за да книжат „поени“ од економските последици на здравствената криза.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, смета дека треба да се донесе решение за избори, на датум кој нема да претставува здравствен ризик за граѓаните во земјава.

„Доколку некој смета дека е политички опортуно да организира избори во јуни, треба добро да размисли дека со тоа создава дополнителен здравствен ризик. Во време кога сè уште владее и вознемиреност, но гледаме, за жал и здравствени последици за граѓаните, некои за жал починати, некои заразени, а голем дел претпазливи, сметам дека секое брзање во ваква ситуација значи свесно туркање на партискиот интерес пред здравствениот интерес на граѓаните“, рече Милошоски.

Од партијата засега предлагаат на претстојната лидерска средба, „покрај за состојбата со здравствената и економска криза, како приоритет број еден да се разговара и усогласи заедничка стратегија и документ како одговор на условувањата на Бугарија“.

Потребен е чист мандат

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно не ја поддржаа иницијативата на пратениците од СДСМ за состанување на парламентот.

„Оние кои се противат на свикување на Собранието, треба да знаат дека со тоа, одлуката за изборите ја оставаат во рацете на Владата“, оцени аналитичарот Петар Арсовски.

Според него, доколку епидемиолошките состојби тоа го дозволат, животот треба да се враќа во нормала. Ако тоа важи за бизнисот, за општеството, за фирмите и за граѓаните, треба да важи и за другите политички процеси, вклучително изборите.

„Ова особено доколку постои епидемиолошки ризик за некакво повторно разгорување на пандемијата наесен. Со ваков ризик, мислам дека изборите треба да се спроведат штом тоа ќе го дозволи здравствената состојба, токму за да избегнеме вакви правни недоречености и празнини подоцна. Што побрзо го расчистиме политичкиот терен, без оглед на исходот на изборите, тоа побрзо власта (која и да биде таа) ќе може да се фокусира на справување со медицинските и економските последици од пандемијата. Дотолку повеќе што, доколку се покаже точно (а тоа е најверојатното сценарио), идната власт можеби ќе мора да воведе дополнителни мерки за штедење, или специјални економски или здравствени механизми. За тоа ќе биде потребен чист мандат и јасна правна рамка“, смета Арсовски.

Пред истекот на вонредната состојба (16 мај), ќе има многу појасна слика – дали опаѓа силата на инфекцијата. Според епидемиолозите, тој тренд е започнат, поради што Владата веќе најави дека по првомајските празници може да има олабавување на некои мерки со кои животот и работните активности постепено ќе се враќаат во нормала.

Влада ВМРО-ДПМНЕ избори Коронавирус лидерска средба Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.