Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изворот на заразата е непознат: Први случаи на Омикрон во Хрватска

0
By Sashko on December 6, 2021 РЕГИОН
Фото: discovermagazine.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 6, 2021 15:23

Хрватска ги регистрира првите случаи на Омикрон, новата варијанта на коронавирус, во земјата.

Имаме два случаи во кои е потврден омикрон, рече првиот човек на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак на вонредна прес-конференција во Загреб. 

„За едниот имаме сигурни резултати дека е омикрон, а во другиот случај господинот бил вакциниран, бил позитивен, но количината на вирусот била премала за да се потврди. Секвенционирањето, сепак, покажа дека е истата мутација што е забележана во Боцвана“, рече микробиологот, Љиљана Жмак.

Епидемиологот Бернард Каиќ изјави дека биле интервјуирани двајца пациенти со цел да се откријат изворите на инфекцијата и да се идентификуваат нивните контакти.

Не можеме со сигурност да го утврдиме изворот, бидејќи тие не патувале надвор од Хрватска, но сигурно е дека се заразиле на еден деловен состанок каде биле заедно. Значи, учесниците на тој собир се истовремено и контакти и мора да бидат ставени во карантин, а постои можност некои од нив да биле изворот. Меѓу нив има и странци и за тоа ги информиравме нивните земји. Мислам дека е неизбежно да има и други случаи. Беше прашање на време кога ќе дојде во Хрватска и сигурно ќе има нови случаи, рече Каиќ, додавајќи дека 13 лица од деловниот собир се веќе тестирани.

Тој рече дека „болеста е слична на грип“ и се манифестира со треска и чувство како човек да е „згазен од воз или автобус и трае неколку дена“.

Коронавирус Омикрон регион случаи Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.