Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчестер Ј. убедлив и со пола гас, Кејн се израмни со Роналдо (Видео)

0
By Нова ТВ on September 30, 2017 СПОРТ
Фото: thebusbybabe.sbnation.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манчестер јунајтед убедлив и во петтиот меч без Пол Погба. „Црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо без премногу проблеми го совлада Кристал Палас со 4:0 и барем на неколку часа го презедоа врвот на табелата во англиската Премиерлига. Двоен стрелец за составот од „Олд трафорд“ беше Маруан Фелаини во 35 минута и во 49., серијата погодоци против фенерџијата ја отвори Хуан Мата во третата минута, ја затвори Ромелу Лукаку во 86. Од можни 21 бод, Јунајтед досега освои 19 со импресивна гол-разлика 21:2. За разлика од нив, Кристал палас го забележа и седмиот пораз во исто толку настапи и сè уште е без реализација во новата сезона (0:17).

https://www.youtube.com/watch?v=4YlhDnvznFI

Ист ефект како Фелаини и на Хари Кејн. Тотенхем со 4:0 славеше на гостувањето кај Хадерсфилд, а половина од головите ги потпиша напаѓачот на спарси во деветтата и во 23. минута. Со нив Кејн стигна до, вкупно, 84 гола во Премирлигата колку што постигна и Кристијано Роналдо во дресот на Манчестер јунајтед за што на Англичанецот му беа поребни 123 натпревари додека на Португалецот 196. По еден гол во четвртата ппобеда на Тотенхем во шампионатот вградија Бен Дејвис во 16 минута и Муса Сисоко во втората минута од судиското продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=k5EzmlTp9IQ

Премиерлига, 7 коло

Манчестер јунајтед – Кристал Палас 4:0

Вест Хем – Свонси 1:0

ВБА – Вотфорд 2:2

Стоук – Саутемптон 2:1

Борнмут – Лестер 0:0

Хадерсфилд – Тотенхем 0:4

Челзи – Манчестер сити (во тек)

Недела

Арсенал – Брајтон (13 ч.)

Евертон – Барнли (15,15 ч.)

Њукасл – Ливерпул (17,30 ч.)

Манчестер Ј. Маруан Фелаини Премиерлига Тотенхем фудбал Хари Кејн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

ВЕСТИ October 4, 2025

Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници…

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

October 3, 2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.