Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами и Гаши повторно во судир: Која е легитимната БЕСА

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 4, 2018 08:48

Откако вчера Биљал Касами објави дека Основниот суд Скопје 2 донел одлука дека партијата е една и дека нивното крило е легитимната партија, прес конференција одржа и крилото на Африм Гаши, кој на 18 февруари на Конгрес беше избран за претседател исто така на движењето Беса, но крилото што тој го контролира.

Ова крило го обвини Касами за измана, истакнувајќи дека се работи за првостепена одлука, која како што рече „е донесена врз фалсификуваните документи од претходниот правен застапник на БЕСА“ и најави дека судскиот спор продолжува.

besa na gashi

-Основниот суд повторно и многу брзо ќе се произнесе пак, по одлуката на Управниот суд за фалсификување на документи и нивно поништување, а се очекува и разрешница од кривичната пријава доставена до Јавното обвинителство кон фалсификаторот, со што несомнено би следело и промена на првостепената одлука, рече Гаши.

Тој го повика членството и подржувачите на Движењето БЕСА да не подлегнуваат на како што рече, “измамите на тие кои знаат да фалсификуваат сешто и на крај стануваа заложници на нивното фалсификување“.

Касами, претседателот на едното крило на движењето БЕСА кое од почетокот на годинава се подели, вчера рече дека со оваа судска одлука на судот „се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците“.

На почетокот на годинава, Беса се подели на две крила, при што на 18 февруари се одржа конгрес на едното крило на кој за претседател беше избран Африм Гаши.

Ова крило на неколку прес конференции потоа го обвини поранешниот лидер Билал Касами за фалсификат и најавикривична пријава против него.

Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија, не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат.

Другиот табор, на Биљал Касами, или познат како Тетовски табор одржа конгрес на 24 февруари, на кој токму Касами беше избран за лидер.

Беса Гаши Касами Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.