Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска: ЕК со конкретни примери сака да го одоброволи Макрон

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: inbox7.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 15:54

Европската комисија го усвои мини извештајот во кој ја повторува препораката за Македонија да почне преговори за членство во ЕУ, а целосниот извештај најверојатно ќе биде објавен во среда. Документот се објавува во пресрет на состаноците на Советот на министри на ЕУ кон крајот на месецот, на кои, според најавите, би можело да се донесе одлука за старт на пристапни преговори со Скопје и со Тирана.

Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска, напоменува дека „ова не е регуларен извештај“, но секако дека „претставува некаков сигнал дека не треба да се губи надежта за брз датум за старт на пристапните преговори со ЕУ“.

„Во суштина се очекуваше ЕК да се наврати на трите клучни точки од Самитот во 2018 година. Сега таа дава аргументи плус за земјите членки дека е остварен напредок во тие три сегменти – реформи на правосудството, безбедносните служби, како и реформата на администрација. Она што е забележливо е дека во претходните години немаше толку јасна споредба. Очигледно е дека интенцијата е со конкретни примери да му се покаже на францускиот претседател Макрон дека сме оствариле видлив напредок. Тоа е примарната разлика“, вели за НОВА, Кацарска, посочувајќи го делот од мини извештајот каде се нотира разрешувањето на шестмина судии, вклучително и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Останува да видиме, дополнува Кацарска, каква ќе биде иницијалната реакција кај одредени членки.

„ЕУ, да речеме, беше директно инволвирана во креирањето на законите за безбедносните служби, но не сите земји имаа идентично мислење како се моделирани конкретните законски регулативи“, вели Кацарска.

Во Извештајот на ЕК е наведено и донесувањето на Законот за јавното обвинителство. „Целта на Законот, меѓу другото, е да обезбеди одржливо решение за случаите на СЈО и да воспостави одговорност за кривичните дела што произлегуваат од нелегалното прислушување. Предметите од СЈО се префрлени во редовното Јавно обвинителство, каде се гарантира континуитет на истрагите. Законот за ЈО е донесен со двотретинско мнозинство по „интензивни дебати меѓу политичките партии“, ги информира ЕК земјите членки.

Во него се споменува и случајот „Рекет“: „Летото во 2019 година беа покренати сериозни прашања за т.н. случај „Рекет“ со тројца инволвирани, вклучувајќи ја поранешната специјална јавна обвинителка, обвинети за наводна изнуда и злоупотреба на службената положба. Еден од обвинетите призна вина и доби тригодишна затворска казна. Во случај поврзан со овој, потпретседател на Собранието е обвинет за измама и перење пари“, пишува во Извештајот.

Според Кацарска, Европската комисија како да сака да го намали просторот за критика во односот на случајот „Рекет“ со тоа што, како што вели таа, не наведува како дошло до него.

„Сепак, најпрвин да го почекаме целосниот извештај, за да може потемелно да анализираме каква би можела да биде реакцијата на одредени земји членки“, нагласува Кацарска.

Фото: ft.com

Таа потсетува дека неодамна францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека доколку во март бидат позитивни резултатите од извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија, тој ќе го поддржи започнувањето на преговорите за нивно приклучување во блокот.

„Но, во вториот дел од изјавата тој нагласува дека ќе бидат во позиција да ги отворат преговорите и ако се утврди доверба“, посочува Кацарска.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска порача дека Европската Унија може да отвори преговори со Македонија и Албанија за неколку седмици, бидејќи двете држави направиле напредок во нивните подготовки за членство.

Силна е поддршката и од Берлин. На прес-конференцијата со хрватскиот премиер Пленковиќ чија земја претседава со ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел, оцени дека со решавањето на спорот за името Северна Македонија направила неверојатен чекор напред. Северна Македонија и Албанија, според неа, заслужуваат да ги започнат преговорите, а на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите.

Таа појасни дека двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги започнат преговорите.

„Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел.

Европска комисија Емануел Макрон ЕУ Извештај Македонија Симонида Кацарска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.