Европската Унија (ЕУ) имунизира 250 милиони свои граѓани со две дози на вакцина против ковид-19, соопшти европската комесарка за здравство, Стела Киријакидeс преку Твитер.

Двесте и педесет милиони граѓани се целосно вакцинирани во Европската Унија – важен нов чекор кон нашата цел да вакцинираме 70 отсто од возрасната популација, напиша таа.

Киријакидeс истакна дека ЕУ смета дека вакцинацијата е најефикасното средство за борба против новите варијанти на коронавирусот.