Емил Кирјас, поранешен државен секретар во македонското Министерство за надворешни работи а денес генерален секретар на меѓународната огранизација на либералните партии, беше вчера во Барселона како набљудувач на каталонскиот референдум. Тој зборува за високо емоционалната состојба во Каталонија и можниот развој на настаните.

НОВА разговараше со него за оваа нова криза во ЕУ која, според него, може да ескалира а одлуката на ЕУ да не реагира на случувањата во Каталонија скапо ќе ја чини Европа. Овој проблем не е само на Шпанија туку и на Европа.  Тоа може да има економско влијание и да ја дестабилизира еврозоната.