Колку се богати лидерите на парламентарните партии? Кој лидер го пријавил своето богатство а кој го сокрил зад името на родителите или брачниот партнер?

Според најновите податоци кои ги обработила Антикорупциската комисија од имотните листови на новите пратеници, најимотен од лидерите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, иако речиси целиот негов пријавен имот е на име на родителите. Најмалку пријавен имот има лидерот на Демократската интеграција на Албанците, Али Ахмети.

Од пратениците, најмногу имот пријавил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, а најмалку Амди Бајрам.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не пријавил никаков недвижен имот, само кеш и уметнички слики.