Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку се ефикасни вакцините на „Фајзер“, на „АстраЗенека“ и на „Модерна“ против Омикрон сојот?

0
By Sashko on January 3, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позаразниот Омикрон сој на коронавирусот брзо се шири низ Велика Британија и се очекува да стане доминантен во земјата, објави британски „Индепендент“. Тамошните здравствени власти досега регистрираат стотици смртни случаи како последица на Омикрон и десетици илјади инфекции. И покрај високите бројки, премиерот Борис Џонсон ја отфрли можноста за воведување на нови ограничувања пред Божиќ, но рече дека владата „го задржува правото“ да спроведе мерки во наредните недели.

Дали вакцините се ефикасни против Омикрон?

Најновата анализа на Агенцијата за здравствена безбедност при владата на Велика Британија покажува дека две апчиња за ковид-19 не нудат силна заштита од симптоматска инфекција на новата варијанта, но и дека сегашниот пакет на вакцини се помалку ефикасни одошто беше случај против Делта сојот. Сепак, оние кои примиле бустер доза се заштитени до 70 отсто, откри агенцијата, нагласувајќи ја важноста од нејзино што поскоро примање.

Претходните студиите спроведени од Германскиот центар за истражување на инфекции, исто така, покажаа дека има значително намалување на моќта на антитела од вакцините на „Фајзер“/„Бајонтек“, на „Модерна“ и на „АстраЗенека“ против Омикрон сојот. Но, две дози од вакцината, сепак, треба да понудат одредена заштита од тешки форми на болести, при што Светската здравствена организација останува на ставот дека „сегашните вакцини остануваат ефикасни против тешки болести и смрт“.

Друга прелиминарна студија од Африканскиот здравствен истражувачки институт во Јужна Африка, која беше објавена на 7 декември, покажа дека има 41-кратно намалување на моќта на антителата против Омикрон по две примени дози на „Фајзер“. 

Алекс Сигал, професор на Африканскиот здравствен истражувачки институт, на Твитер напиша дека резултатите против Омикрон се „подобри отколку што очекував“.

Дали некои видови на вакцини се поефикасни од други?

Една мала студија укажува дека Омикрон можеби ќе може подобро да ја избегне заштитата што ја нуди вакцината на „Фајзер“/„Бајонтек“ отколку првичниот тип на вирусот ковид-19.

Се чини дека има „многу голем пад“ на имунитетот против новата варијанта кај оние на кои им е дадена вакцината на „Фајзер“, рече професорот Сигал, откако неговата лабораторија проучуваше примероци на крвта од 12 луѓе кои ги добиле вакцините.

„Модерна“ допрва треба да објави какви било официјални резултати за ефикасноста на нејзината вакцина против Омикрон, но претседателот на компанијата, доктор Стивен Хоге истакна дека „добри се шанси сегашните вакцини да не се спротивстават на оваа варијанта“. Зборувајќи за „Еј-Би-Си њуз“ на 5 декември, тој рече оти мисли дека „постои реален ризик да видиме намалување на ефикасноста на вакцините, но она што не знам е колку е тоа суштинско“.

Ќе излезе ли нова вакцина против Омикрон?

Производителите на вакцини рекоа дека ќе продолжат „со полна брзина“ во напорите да развијат ажурирана вакцина што ќе биде насочена на Омикрон и истата би требало да биде достапна до март во 2022 година. „Фајзер“, на пример, соопшти дека доколку е потребно, може да произведе вакцина прилагодена на Омикрон за „приближно 100 дена“.

Продолжуваме да работиме на адаптирана вакцина која, веруваме, ќе помогне да се поттикне високо ниво на заштита од Омикрон сојот на ковид-19, како и продолжена заштита во споредба со сегашната вакцина, порача професорот Сахин.

Во меѓувреме, главниот медицински директор на „Модерна“, доктор Пол Бартон, нагласи дека ќе бидат потребни три месеци за неговата компанија да произведе вакцина што ќе биде насочена во борбата против Омикрон. „Џонсон&Џонсон“, пак, ја тестираше својата вакцина против Омикрон со доктор Матаи Мамен, глобален шеф за истражување и развој на компанијата.

Почнавме да работиме на дизајнирање и развој на нова вакцина против Омикрон и брзо ќе напредуваме во клинички студии доколку е потребно, изјави Мамен. 

Компанијата во овој момент не може да даде прецизна временска рамка за развој на вакцината. „АстраЗенека“ не откри дали ќе треба да развие нова вакцина против Омикрон или не. Сепак, професорката Сара Гилберт од Универзитетот во Оксфорд, која помогна да се создаде актуелната вакцина на компанијата, рече дека постојните вакцини против коронавирус, без разлика кој ги создал, веројатно нема да имаат добар ефект против Омикрон.

Додека не дознаеме повеќе информации, треба да бидеме претпазливи и да преземеме чекори за да го забавиме ширењето на оваа нова варијанта, рече таа за „Би-Би-Си“.

Колку дози на вакцини ќе бидат потребни?

Се смета дека три дози од вакцината на „Фајзер“/„Баконтек“ најверојатно ќе штитат од инфекција од Омикрон сојот, сугерираат првичните лабораториски податоци на американската компанија, иако ова допрва ќе треба да се потврди. Две дози од вакцината може да спречат развој на тешка форма на болеста, но не може да се гарантира дека ќе спречи инфекции меѓу луѓето.

Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, сугерира дека можеби е неопходна и четврта доза од вакцината за подобра заштита од Омикрон. Говорејќи за „Си-Ен-Би-Си“, тој посочи дека компанијата чека да ги добие податоците од реалниот свет за да одлучи дали ќе бидат потребни дополнителни дози во борбата против Омикрон.

Кога ќе видиме податоци од реалниот свет, ќе утврдиме дали Омикрон е добро покриен со третата доза и колку долго. И како второ, мислам дека ќе ни треба и четврта доза, рече тој.

Кои се симптомите на Омикрон?

Омикрон често предизвикува благи симптоми, па може да биде тешко да се каже дали имате ковид-19 или само обична настинка. Симптомите, како што се затнат нос, главоболка и болки во грлото се својствени и за ковид-19 и за настинки, поради што е многу тешко да се направи разлика без тест.

Професорот Тим ​​Спектор, од британската апликација „Ковид Зое“ (Covid Zoe), рече дека податоците од неодамнешното истражување сугерираат дека речиси пола од сите случаи на Делта се „пропуштени“, бидејќи не се појавуваат со „класични“ симптоми на ковид-19, како треска, кашлица и губење или промена на мирисот или вкусот.

„Омикрон е веројатно повеќе, многу повеќе сличен на благите варијанти што ги гледаме кај луѓето кои биле заразени со Делта сојот, отколку што било друго“, рече тој.

„Астразенека“ „Модерна“ вакцини ефикасност истражувања Омикрон Свет сој фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.