Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ би била непринципиелна, тие станаа подлога за провокатори

0
By Marta Pesevska on January 27, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 27, 2023 23:50

Во интервју за „360 степени“ премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали е против коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одговори дека таа коалиција би била нефункционална, непрактична и непринципиелна. Зборувајќи за состојбите во партијата и пишувањата за евентуални несогласувања со неговиот претходник, Ковачевски одговори:

-Секогаш тие такви натписи се интересни за јавноста, тоа е природно, секогаш биле, се и ќе бидат. Најдобриот демант дојде од самиот поранешен претседател на СДСМ, г- динот Зоран Заев кој што сите тие натписи ги демантираше. СДСМ е политичка партија која што брои 84 илјади членови. Во СДСМ се одвива демократска дискусија на различни нивоа, меѓутоа одлуките се носат низ дискусија и низ гласање на телата на партијата, а тоа се раководството на партијата, Извршниот одбор и Централниот одбор, што се однесува до генералните политики и сите одлуки кои што се до сега носени се донесени од телата и се донесени едногласно без ниту еден глас против, истакна Ковачевски.

Тој ја коментираше и тезата за некаква можна коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.

-Јас лично сметам дека тоа е непрактично, нефункционално и непринципиелна идеја од повеќе причини. Прво, ако ги погледнете програмите и ако ги погледнете ставовите за генералните прашања помеѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ тогаш тоа се дијаметрално спротивни ставови. СДСМ и ДУИ и други политички партии, коалициони партнери на Владата ги донесоа најтешките и најдобрите одлуки за државата, членство во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ. ВМРО – ДПМНЕ е против. Второ, доколку ги погледнете ставовите на ВМРО – ДПМНЕ и на нивниот претседател во однос на престојните уставни измени со кои што ние го продолжуваме патот во ЕУ тогаш има неконзистентност од изјава во изјава. Прво се сеќавме сите тој на разговор снимен со бившиот премиер на Бугарија и кажа дека го прифаќа договорот за добрососедство со Бугарија. Потоа кажа дека не го прифаќа. Потоа кажа пред бугарскиот премер Петков дека е за уставни измени, за да потоа каже дека е против уставни измени. Па да бара нотарски заверки од пратениците дека нема да гласаат. За да потоа каже дека е за уставни измени, ако некој во ЕУ даде некакви гаранции, за да потоа каже дека не е. Со таков неконзистентен став, прво станаа заложници на Левица, второ станаа одлична подлога за провокатори кои што сакаат да ги нарушат односите на С. Македонија регионално. Со тоа да со спречат европскиот пат и европската интеграција на државата, нагласи премиерот.

Тој исто така кажа дека има контакти со сите бивши претседатели на СДСМ на принципиелна основа.

 

ВМРО-ДПМНЕ европски пат интеграција интервју коалиција Ковачевски провокатори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.