Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас за Еурактив: ЕУ треба да го исполни ветувањето

0
By Нова ТВ on June 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 25, 2018 12:16

Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како рамка за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за EURACTIV.com пренесува МИА

Шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да сфатат дека постојат проблеми со двете земји, но проблемите можат поефективно да се решат преку мониторинг и скрининг.

– Им кажав на моите колеги дека можат да бидат колку што сакаат строги. Но, ние мора да не ја блокираме перспективата. Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни, би можеле да бидат ставени во опасност, вели Коѕијас во интервјуто.

Нагласува дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат“.

– Сега, го имаме извештајот на Комисијата и предлог да разгледаме отворање на преговори. Сега стигнавме до таа точка и треба да го сториме тоа. Европа мора да си го одржи зборот, додава Коѕијас.

Во однос на земјите што се против, Македонија и Албанија да започнат пристапни преговори, шефот на грчката дипломатија вели дека на почетокот биле Данска, Белгија, Холандија и Франција, но имало несогласувања и во германската коалициска влада.

– Поентата е Франција да се согласи со Германија за да се избегне дестабилизација на Балканот, вели Коѕијас.

Во однос на Договорот со Македонија, шефот на грчката дипломатија потенцира дека тоа била „најдобрата вест во Европа во последните пет години“, додека пак за реакциите од опозициските партии во двете земји го повторува неговиот став дека „ВМРО работи како огранок на Нова демократија во Скопје и обратно“.

Коѕијас објаснува дека сега веќе постои една друга линија за поделба во двете земји. Наместо досегашната поделба меѓу Скопје и Атина, има поделба на оние што сакаат и оние кои што се против решение.

– Верувам дека Заев нема да подлегне на притисоците. Тој е многу поотпорен отколку што изгледа на прв поглед, вели Коѕијас, прашан за тоа дали владата на Заев ќе ги издржи притисоците во земјата.

Албанија датум ЕУ Еурактив интервју Коѕијас Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.