Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курц положи заклетва и повторно е во пратеничка клупа: Не сум робот, ниту канцелар во сенка

0
By Sashko on October 14, 2021 СВЕТ
Фото: news.in-24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 14, 2021 15:31

Доскорешниот канцелар и шеф на Народната партија (ОВП), Себастијан Курц денеска положи заклетва во австрискиот парламентот и на тој начин повторно стана пратеник. Тој во саботата поднесе „привремена“ оставка, откако Државното обвинителство за борба против корупцијата отвори истрага против него и врвот на ОВП за поткуп и корупција.

Наместо Курц, канцелар стана министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, а Курц за време на истрагата ќе биде пратеник и шеф на пратеничката група на ОВП во парламентот.

Утрово Курц положи заклетва со што и формално ја презеде новата функција. Патем, тој има намера да се врати на функцијата канцелар кога обвинувањата на обвинителството против него, како што рече, „ќе се покажат како неосновани“.

Поради враќањето на Курц во парламентот, пратеничката Ирена Нојман-Хартбергер, која доби мандат по изборите, мораше да се повлече од Собранието.

Австриски „Курир“ наведува дека Курц денеска нема да се обрати во Собранието. Тој само накратко изјави дека е благодарен на пратениците на ОВП што му веруваат и што му даваат 100 отсто поддршка, со тоа што гласаа за него за шеф на пратеничката група.

Фотографиите објавени на порталот покажуваат дека Курц влегол насмеан во парламентот во придружба на свои сопартијци. 

Јас не сум робот, грешам

Утрово Курц објави петминутно видео на Фејсбук во кое се обраќа до јавноста. Тој рече дека во оптек имало многу СМС пораки што тој не ги напишал, а го донеле во врска со аферата за која е обвинет. Кога станува збор за пораките што ги напиша, тој рече дека „не е робот, туку човек со грешки и емоции“ и дека денеска нема да напише некои формулации што тогаш ги компонирал.

Тој посочи дека се извинил за тие пораки и дека се кае за нив. Сепак, тој нагласува дека СМС-пораките не се и немаат никаква врска со какво било криминално дело, и намерно се објавени во јавноста за да му наштетат на ОВП и него лично.

Курц побара да се направи јасна разлика помеѓу текстуални пораки и обвиненија поврзани со злосторство. Кога станува збор за кривични дела, тој вели дека никогаш не направил ништо во целиот свој живот и вети дека како шеф на парламентарниот клуб, ОВП ќе го даде својот придонес и ќе ја поддржи владата.

Јас не сум канцелар во сенка, повтори Курц во пораката до граѓаните.

Тој посочи дека постои стабилна влада и дека граѓаните на Австрија го заслужуваат тоа. Курц повтори дека спречил коалиција од четири опозициски партии, ослободувајќи ја својата функција и овозможувајќи му на Александар Шаленберг да стане канцелар.

Австрија заклетва Канцелар Свет Себастијан Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.