Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров: Протерувањето руски дипломати е под притисок и уцена на САД

1
By Нова ТВ on March 27, 2018 СВЕТ
Руската амбасада во Вашингтон
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 27, 2018 14:34

Mинистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска оцени дека одлуките на некои западни земји да протераат руски дипломати се донесени под притисок и уцени на САД, изјави денеска

– Кога ќе протераат еден или двајца дипломати, а ни дошепнуваат извинување поради тоа, занеме дека протерувањето е резултат на колосален притосок и колосална уцена, што е главен инструмет на меѓународната сцена на шефовите во Вашинтон, изјави Лавров.

Поради „Случајот Скрипал“, Велика Британија протера 23 руски дипломати, а во знак на солидарност со Лондон, дипломати од Русија протераа и САД, Австралија, Канада, 17 земји-членки на Европска унија, како и Украина, Норвешка, Албанија и Македонија .

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, претходно најави дека Москва адекватно ќе одговори на одлуките на Вашингтон и западните земји за протерувањето руските дипломати.

Таа додаде дека тоа се однесува на протерувањето на руските дипломати и затворањето на Конзулатот на Русија во Сиетл.

– Адекватен одговор ќе биде даден на сите чекори на САД и на ЕУ, кои ги видовме, рече Захарова.

Сепак, и покрај солидарноста на на неколку западни земји, низа држави не се приклучија на глобалната координирана акција на протерување на руски дипломати.

– Спроведовме проверки во Нов Зеланд. Немаме непотврдени официјални претставници на руската разузнавачка служба. Ако имавме, ќе ги протеравме, изјави премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арднер.

Таа изрази принципиелна поддршка за Велика Британија и додаде дека нејзината Влада ќе продолжи да размислува за мерки кои може да ги преземе за да ја поддржи меѓународната заедница.

Словенија, исто така не е меѓу земјите кои ќе протераат руски дипломати. Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека официјална Љубљана не донела одлука за протерување на руски дипломат и оти тоа нема да го направи се додека не се докаже што всушност се случило при инцидентот во Солсбери.

– Се уште е прерано за одговор како Словенија ќе постапи во врска со овој случај. Ние се придржуваме на ставот прифатен на неодамнешниот состанок на Европскиот совет дека е потребно да се утврди што точно се случило, изјави Ерјавец.

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата не планира да протерува руски дипломати откако тоа го сторија поголемиот дел од европските земји.

Ниту Белгија засега не презема никакви „мерки за солидарност“ со Велика Британија. За таквиот став се уште нема потврда од белгиското Министерство за надворешни работи.

Мерката, засега, нема да ја поддржи ниту Австрија, која соопшти дека сака да го одржи „дијалогот со Москва отворен“.

Црна Гора се уште не го соопшти ставот дали ќе се придружи на акцијата, но засега нема таква најава.

Словачка остро го осуди настанот и го повика на разговор рускиот амбасадор во Братислава, но засега нема да протерува руски дипломати.

Кипар, исто така, информираше дека нема да се придружи на координираната акција на западните земји.

Во групата земји кои нема да протераат руски дипломати се и Грција и Португалија.

И турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека Анкара не планира да протерува руски дипломати поради „Случајот Скрипал“.

Македонското МНР вчера донесе одлука за протерување на еден руски дипломат, а одлуката, како што рече министерот Никола Димитров е донесена по по внимателно размислување и анализа, по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Според него, има и домашна основа за чекорот на Министерството за надворешни работи. Како што кажа Димитров, се работи за лице што излегло од својот дипломатски мандат.

– Се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија. Но, должни сме да го заштитиме идентитетот на дипломатот и ќе биде штетно да се шпекулира. Нашите сознанија се потпираат врз цврсти докази и немаме дилеми околу тоа, рече Димитров.

Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа нападнати со нервен гас во Солсбери. Нивната состојба е и понатаму критична.

Британија Димитров Лавров МНР протерување руски дипломати САД Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.