Нов звучен клуб со ново звучно тренерско име ова лето во Скопје. Глазгов Ренџерс на чие кормило е Стивен Жерар ќе игра против Шкупи во воведната квалификациска рунда за Лига Европа (ЛЕ). Чаирчани ќе гостуваат на легендарниот „Иброкс“ стадион во првата средба на 12 јули, реваншот е седум дена подоцна на „Телеком арена“.
Покрај Шкупи, Македонија ќе има уште два претставника во квалификациите за ЛЕ. Вардар во првото коло го доби ерменски Пјуник од Ереван додека Работнички ќе бара прогрес во натпреварувањето низ двомеч со унгарски Хонвед. И „Црвено-црните“ и дебармаалци, според извлекувањето во Нион, ќе гостуваат во првите мечеви.