Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија попушти, српското брашно ќе продолжи да се увезува

1
By Нова ТВ on March 7, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 16:02

Србија ќе продолжи со извозот на брашно во Македонија, откако денеска министрите за земјоделство Љупчо Николовски и за трговија Расим Љаиќ во Скопје постигнаа договор, со што е надминат проблемот кој настана откако минатата недела српските мелничари побараа Србија да воведе реципрочни мерки поради новиот македонски Правилник за увоз на брашно, кој според нив го отежнува извозот на српско брашно во Македонија.

Министрите Николовски и Љајиќ потпишаа договор-на брашното пакувано од 1, 2 и 5 килограми контролните маркички ќе се лепат во Србија, на пакувањата од 25 и 50 килограми во Македонија.

Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска.

Николовски и Љајиќ по средбата истакнаа дека двете страни направиле отстапки за да се дојде до решение на проблемот, а брашното само ги отворило прашањата за бариерите кои мора да се отстранат за да се унапреди трговијата меѓу двете земји.

– Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата, изјави Николовски по работниот состанок во Скопје.

Одговорноста за проблемот со брашното, Николовски ја лоцираше во, како што рече, нефункционирањето на македонските институции изминатите 11 години

– Клучниот проблем во Македонија последните 11 години е нефункционирањето на институциите, на Инспекторатот, на АХВ и неработењето по процедурите и соодветните протоколи. Токму и еден од заклучоците на состанокот беше воведување засилена интегрирана контрола која треба да ја изградиме и да функционира, изјави Николовски.

Љаиќ рече дека потпишани се 10 заклучоци поврзани со трговските односи на Србија и Македонија и формиран е заеднички Комитет за решавање на вонцаринските бариери.

Тој најави дека првата седница на овој Комитет ќе с еодржи на 14 март при што ќе се бара долгорочно и одржливо решение за отстранување на сите вонцарински бариери и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

Српскиот министер од Скопје порача, има политичка подготвеност за отстранување на сите царински бариери со цел трговската размена да се зголеми од сегашните 760 милиони, на милијарда евра.

Според него, непримерно е да се влезе во трговска војна со Македонија воочи заедничката седница на двете влади што ќе се се одржи на 21 март во Ниш.

-Македонија за нас е седми по големина извозен пазар каде извезуваме 560 милиони евра стока и тоа сакаме да го зголемиме, но не можеме ако се воведуваат постојано бариери. Се договоривме во целост да се применуваат спогодбите за признавање на меѓусебните сертификати за да не се задржуваат камионите на граница, изјави Љаиќ за Танјуг по средбата во Скопје.

брано извоз Љаиќ Македонија Николовски решение Србија средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.