Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонското Собрание денеска го ратификува Протоколот за НАТО

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО ќе се одржи денеска во Собранието во присуство на претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор. Со ратификацијата, земјата ја дели уште еден чекор до полноправното членство во Алијансата како 30. земја-членка. Ќе остане недовршена уште ратификацијата во Парламентот на Шпанија, а ратификацијата кај нас ќе има одложено дејство и ќе се активира откако процесот ќе заврши во Мадрид.

Предлог-законот за ратификација е во собраниска процедура, откако Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитет во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април.
На денешната свечена седница за Ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО ќе се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ – Јован Митрески, на ДУИ – Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски, на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ – Нола Исмајлоска Старова, пратениците на „Алијанса на Албанците“ – Сурја Рашиди на „Алтернатива“ – Африм Гаши, на „Беса“ – Фадил Зендели и на ДПА – Мерал Ферати. По гласањето пред пратениците и присутните ќе се обрати и претседателот на ПС-НАТО, Атила Местерхази.

Пред почетокот на свечената седница, претседателот на Собранието Џафери ќе има кратки поздравни средби со претставниците на парламентите на соседните земји. Во Собранието на овој чин денеска ќе бидат присутни Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во ПС-НАТО, Василика Хуси, потпретседател на албанскиот Парламент, Цвета Карајанчева, претседател на бугарското Собрание, Генци Ниманбегу, претседател на Парламент на Црна Гора.

На седницата поканети да присуствуваат се и поранешни претседатели, премиери, лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадори од земји членки на НАТО. По ратификацијата, во 16 часот е планирана и церемонија на подигнување на знамето на НАТО пред Собранието.

Откако Северна Македонија и Грција го решија спорот за името, Договорот од Преспа беше ратификуван од македонскиот Парламент, поддршка добија и уставните измени, а потоа договореното беше ратификувано и од Грција. Земјава како што беше ветено, поканата за НАТО ја доби на самитот на 11 и 12 јули во 2018 година во Брисел, а на 6 февруари лани, амбасадорите на земјите-членки на НАТО, исто така, во Брисел го ставија својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, се чека во Шпанија, каде Педро Санчез минатиот месец успеа да формира Влада на неговите социјалисти и левичарската партија Подемос.

Владата на Шпанија кон крајот на минатиот месец го одобри Протоколот за пристапување и го достави на усвојување во Параламентот при што побара ратификација на документот по итна постапка.

„Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата“, беше наведено во образложението на шпанската Влада.

Процедурата таму вообичаено трае шест месеци – документот треба да помине во комисијата за надворешни работи на Долниот дом, потоа да се гласа од пратениците во Конгресот, па заминува во комисијата за надворешни во Сенатот и потоа треба да биде одобрен и во Горниот дом. Со барањето на Санчез за усвојување по итна постапка рокот може да се намали на половина.

Македонскиот Парламентот ја усвои резолуцијата за членство во НАТО во 1993 година, две години подоцна земјава се приклучи кон програмата Партнерство за мир, Алијансата отвори своја Канцеларија во Скопје во 1997 година, а статус на земја кандидат станавме во 1999 година.

Земјава беше најблиску до членство во Алијансата во 2008 година на Самитот во Букурешт. Тогаш беше констатирано дека Македонија е технички подготвена за прием кој, сепак, беше попречен поради грчкото вето за нерешениот спор за името. Откако беше надминат по речиси три децении, вратата за Алијансата се отвори и земјава мошне скоро и официјално ќе стане 30. членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

НАТО Протокол ратификација седница Собрание членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.