Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон има сон, Меркел има план а Орбан илиберална визија за ЕУ

0
By Светлана Јовановска on May 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 11, 2018 11:31

Се доближува јунскиот самит на ЕУ а на тој самит Македонија нема да биде главната тема. Прашањето на кое ЕУ лидерите ќе се фокусираат се реформите за иднината на пост-Брегзит Европа.

Ентузијазмот на Макрон….

Главни протагонисти во подготовките за оваа битна средба на врвот се францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Нивната размена на изјави, вчера во Ахен, на церемонијата на која францускиот претседател се закити со престижната награда Карло Велики за неговиот про-европски ангажман, кажува многу за насоката во која се движат двете земји и иднината на Европа.

Одамна е познато дека франко-германскиот мотор е тој што ја движи или забавува Европа уште од нејзиното формирање во 1952 година. Овој пат, без Велика Британија и со Италија што тоне во популизам, улогата на Париз и Берлин добива уште поголемо значење. Овој пат, франко-германскиот морот може да зариба. Позициите на двете страни не се совпаѓаат целосно.

– Да не се плашиме да ги надминеме нашите сопствени табу теми, нашите навики, токму затоа што се бориме за нешто што е поголемо од нас самите! Ние не се бориме за интересите на нашите земји…. Не! Се бориме за нова, посилна Европа, изјави Макрон вчера во Ахен и енергично додаде дека не смее да чека и треба веднаш да се тргне во акција.

… и реализмот на Меркел

Но младешкиот ентузијазам на Емануел не ја зарази искусната Ангела. Според неа, Макрон “носи ентузијазам за Европа. Ентузијазам што ги мотивира оние кои се определени за Европа но пред се оние што се се уште колебливи и сега е клучно да се застане пред оние што вечно живеат во вчерашниот свет”.

Зад овие, на прв поглед, ласкави зборови, е желбата на Меркел да му каже на Французот дека за одење напред е потребен компромис. Или, како што вели сајтот политико.еу, “Макрон има сон но Меркел има план, помалку амбициозен, помалку секси но најверојатно полесен за реализација”.

Главниот камен на сопнување помеѓу Париз и Берлин е реформата на евро-зоната. Франција сака да евро-зоната да има свој буџет. Но Берлин е многу резервиран по ова прашање и стравува дека на тој начин Германија ќе биде таа што ќе треба најмногу да плати за јужните ЕУ земји кои, смета Берлин, не се големи домаќини, трошат многу пари а малку носат.

Накусо, Макрон вчера ги нападна Меркел и нејзината нова влада за колебливост. Берлин деновиве донесе одлука да нема буџетски дефицит во земјата барем до крајот на мандатот на оваа влада.

Канцеларката призна дека реформата на евро-зоната е клучна но и дека двете земји не се согласуваат:

– Да, разговорите се тешки. Ние имаме различни културни политики и различни начини за приоаѓање кон проблемите, дипломатски рече таа и додаде дека таа би сакала евро-зоната да биде во иднина поотпорна на кризи.

Европски идентитет

Париз и Берлин имаат повеќе заеднички точки за други реформи во ЕУ. Како одбраната или надворешната политика, особено поради зголемениот изолационизам на САД.

– Времето кога можевме да сметаме на заштитата на САД помина, рече Меркел додавајќи дека “Европа мора да ја земе судбината во свои раце”.

Изјава со која Макрон се согласува велејќи дека е време “Европа да стане дипломатска и гео-политичка сила”.

Меркел зборуваше и за реформата на системот на ЕУ за азилантите. Според неа, тој систем треба да биде фер и заснован на солидарност. ЕУ треба да ја брани “европската демократија, европскиот систем на вредности…. достоинството за секоја индивидуа, накусо, се што содржи европски идентитет”, рече Меркел.

За неа, ЕУ треба да се брани од “ретроградниот национализам и авторитарните тенденции” а Макрон за неговата одлучна спротивставеност против сите форми на национализам и изолационизам.

Популистичкиот одговор на Орбан

Унгарскиот националист Виктор Орбан не остана должен со одговор на овие визии на Париз и Берлин. За него, либералната визија за европски идентитет е “кошмар”.

– Мораме да го замениме бродоломот на либералната демократија со христијанска демократија на 21 век која ќе гарантира слобода и безбедност за народот”, изјави Орбан вчера.

– ЕУ мора да функционира како сојуз на слободни нации и треба да го оставиме настрана кошмарот на Обединети Европски Држави. (…) Мораме да и се вратиме на реалноста. Прв чекор што треба да се смени е нашето размислување на миграцијата, изјави Орбан. Прецизирајќи дека Унгарија ќе се бори против квотите за мигранти во земјите членки и против проектот на ЕУ за поголема солидарност во поделбата на товарот на барателите на азил.

 

 

визија евро-зона ЕУ Макрон Меркел Орбан реформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 6, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

ВЕСТИ August 6, 2026

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование…

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.