Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија што се бори во Јемен соопшти дека денеска уништила осум дронови лансирани кон Кралството. Портпаролот на саудиската алијанса, генерал Турки ал Малки изјави дека Хутите го користат аеродромот во Сана како база за напади врз Саудиска Арабија.

Од 2015 година, кога почна војната во Јемен, Хутите истрелале 430 балистички проектили и 851 вооружени дронови врз Саудиска Арабија, при што загинале 59 саудиски цивили, се наведува во саудискиот извештај објавен кон крајот на декември.

Претходно, портпаролот на Хутите изјави дека е покрената операција против Обединети Арапски Емирати. Тие денеска нападнаа две цели во ОАЕ со вооружени дронови, при што загинаа најмалку три лица, а шестмина се повредени.