Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мериен Вилијамсон ја објави својата кандидатура за американски претседател, прв конкурент на Бајден од неговата партија

0
By Gabi Tocko on February 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 19:47

Најпродаваната авторка на книги за самопомош, Мериен Вилијамсон, објави дека сака да стане кандидат на Демократската партија на САД за претседател на изборите во 2024 година, со што ќе биде првиот голем конкурент на претседателот Џо Бајден од неговата партија.

Во 2020 година, Вилијамсон учествуваше на таканаречените прелиминарни избори на партијата, каде што се избира кандидатот на партијата за претседател на САД. Тогаш победник беше Бајден, кој сè уште официјално не објавил дека ќе бара реизбор, но тоа се очекува.

Кампањата на Вилијамсон започна во саботата на настан во Вашингтон, а на Фејсбук, без да го спомене поранешниот американски претседател Доналд Трамп, таа посочи дека неговата неконвенционална победа на претседателските избори во 2016 година докажа дека е „чудно“ што (сега) секој може да помисли дека знаат кој може да победи“ на тие избори.

Не навлегувам повторно во сето ова само за да го додадам мојот глас во дискусијата. Влегувам во трката за претседател со цел да придонесам да се стави крај на ова ненормално поглавје од нашата историја и да се тргне во нов почеток, напиша таа.

Вилијамсон (70) рече дека има намера да ги посети државите каде најпрвин ќе се одржат првичните избори за демократскиот претседателски кандидат. Засега таа е единствената демократка која се пријавила. Кандидатурата на Бајден, според неговите соработници, се очекува во април.

Демократи избори кандидатура Мериен Вилијамсон претседател САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.