Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Ми беше чест да ја водам ЦДУ

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 СВЕТ
Фото: journalgazette.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 7, 2018 14:13

Германската канцеларка Ангела Меркел во последното обраќање како лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на партиската Конференција во Хамбург се поздрави со сопартијците со емотивен говор во кој рече дека и било чест што имала можност 18 години да биде на чело на партија.

– Сакам да Ви се заблагодарам, ми беше голема чест. Сега е време да отвориме ново поглавје, рече Меркел.

Таа беше поздравена со деветминутни овации на почетокот на Конференцијата, на која треба да биде избран нејзин наследник на функцијата партиски лидер.

Како што јави ДПА, делегатите на Конференцијата кренаа банери со натпис „Благодариме шефе“ („Danke Chefin“), додека Меркел го држеше својот последен говор во својство на партиски лидер.

Во своето обраќање, Меркел се осврна и на се посилната десница во ликот на антимигрантската партија Алтернатива за Германија (АФД), истакнувајќи дека тоа што ги карактеризира демохристијаните е што се разликуваат од другите, но никогаш никого не понижуваат.

– Ние демохристијаните понекогаш се караме, но никогаш не сееме омраза против други и не ги понижуваме другите луѓе, рече Меркел, додавајќи дека ЦДУ секогаш им служи на граѓаните на Германија.

Во однос на лошите резултати во истражувањата на јавното мислење, Меркел апелираше до партиските колеги да се погрижат ЦДУ да покаже што знае.

– Нашата ЦДУ денес е поразлична од таа во 2000 година и тоа е добро. ЦДУ во 2018 година има право да гледа во иднината со нови структури, но со истите вредности што ги застапува, рече Меркел.

Таа воедно ги бранеше сите мерки што ги презеде за време на водењето на партијата, укажувајќи притоа посебно на укинувањето на воената обврска и воведувањето на социјалната помош која, како што рече, беше вистински одговор за пет милиони невработени. – Поддржавме вистинска реформа, рече Меркел.

Во однос на укинувањето на воената обврска истакна дека станува збор за правилен чекор, кој е јасен одговор на променетата меѓународна безбедносна состојба.

Меркел зборуваше и за нејзиниот воздржан стил на раководење, појаснувајќи дека таму каде што партијата очекувала остар одговор повеќе се „борела со молчење“.

Таа оцени дека собирот на партијата е шанса за поставување насоки за посилна ЦДУ.

Меркел потсети дека во Германија во последните 70 години ЦДУ беше на власт 50 години и дека има намера да продолжи да се грижи за земјата.

– Ние имаме сила да победиме на изборите доколку се бориме одлучно и единствено, истакна Меркел, притоа критикувајќи ги кавгите помеѓу ЦДУ и коалицискиот партнер баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ).

Меркел беше избрана за лидер на ЦДУ во 2000 година, по што во 2005 стана и германски канцелар. Во октомври годинава таа најави дека на декемвриската Конференција на ЦДУ нема да се кандидира за уште еден мандат на функцијата партиски лидер, но дека планира да остане на местото канцелар до 2021 година.

Во трката за нов претседател на ЦДУ учествуваат 12 кандидати, но главната борба се очекува да се води меѓу тројца од нив – актуелната генерална секретарка на партијата Анегрет Крамп Каренбауер, поранешниот координатор на пратеничката група на демохристијаните во Бундестагот, Фридирх Мерц и министерот за здравство Јенс Шпан.

На собирот на ЦДУ во Хамбург присуствуваат голем број гости.

избори конференција Меркел обраќање ЦДУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.