Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за култура: За два месеца македонски КИЦ во Истанбул, потоа и во Тирана

0
By Нова ТВ on August 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За два месеца се очекува и официјално да биде отворен македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Истанбул врз основа на Договорот меѓу македонската и турската Влада за нивно основање во двете земји што стапи на сила во 2015 година. Отпочната е процедура за основање на КИЦ и во Тирана, за кој се очекува Собранието на Албанија да го ратификува Договорот што со нејзиниот Совет на министри го склучи Владата на С. Македонија. Со нив два, Северна Македонија ќе има вкупно четири културни центри надвор од својата територија. Првиот е отворен во Њујорк во 2004 година, а во април 2005 година почна да работи и КИЦ во Софија.

Објект на македонскиот КИЦ во Софија

Културно-информативниот центар во Бугарија, всушност, е прв на меѓудржавно ниво. Отворен е врз основа на Законот за надворешни работи и на билатералниот договор за реципрочно отворање културни центри што го ратификуваа парламентите на двете земји.

Внатрешност на македонскиот КИЦ во Софија Фото: kic.com.mk

За разлика од Софија, центарот во Њујорк (Gallery MC) е иницијатива на здружение на граѓани со кое договор има Министерството за култура, без реципроцитет т.е. обврска да се отвори културен центар на САД во земјава.

За КИЦ во Истанбул веќе две години е назначен и директор – писателот Рамадан Рамадани. Центарот се наоѓа на Таксим, во срцето на Истанбул, и се простира на околу 200 квадратни метри.

„Верувам дека за многу кратко време ќе се ефектуира работата на Центарот и дека за два месеца ќе имаме и негово свечено отворање. Имаше застој од технички причини што полека се надминуваат. Од наша страна се исполнети сите предуслови за непречено функционирање. Министерот Исмаили деновиве имаше средба со директорот Рамадани, на која се разговараше и за идните планови за работа на Центарот. Сега се работи на приспособување на доделениот простор“, вели Фатон Фазлиу, шеф на Кабинетот на министерот за култура.

За Истанбул за оваа година, рече тој, има програма и обезбеден е буџет за седум проекти на поединци и здруженија што аплицирале. Планирано е изложби да имаат Шкипе Мехмети, Љубица Мешкова Солак, Улбер Даути, Беган Деари, концерти ќе одржат Марина Трајковска и Арјана Куриу-Груби и ќе се претстават млади македонски книжевни автори преку здружението „Восток“. Настаните ќе се реализираат во Центарот, но и на други локации во Истанбул.

Според договорот, Турција во Македонија ќе лоцира свој КИЦ во Куршумли Ан за кој турската страна презеде обврска да го реставрира и конзервира.

Во Собранието неодамна беше ратификуван и Договорот за основање културни центри во Македонија и во Албанија, а се чека на ратификација и во албанскиот Парламент по што ќе се пристапи по избор на простор за КИЦ во Тирана за чиј директор е назначен Златко Ориѓански. Според сознанија што ги имаат во македонското Министерство за култура, Албанија е заинтересирана да направи свој центар во Битола.

„Инсистираме договорот што побргу да се ратификува во Албанија, да најдеме простор, директорот да може таму да престојува и да работи за наши уметници и институции да може да аплицираат за настапи во Албанија во програмата за 2020 година“, вели Фазлиу.

Постапките за отворање на културните центри во странство се регулирани согласно со Законот за надворешни работи, а откако ќе бидат отворени нивното финансирање го презема Министерството за култура. Директорите на КИЦ што се отворени со меѓудржавни договори ги назначува Владата и тие имаат статус и плата на дипломат. Нивниот мандат трае колку и на директорите на националните установи во земјата.

Трошоците за КИЦ во Софија оваа година се околу 7,5 милиони денари, но може да бидат и поголеми, вели Фазлиу, ако има други проекти затоа што во Секторот за меѓународна соработка во Министерството за култура може да се аплицира во текот на целата година.

Министерството за култура ги покрива тековните обврски за центарот, обезбедува плати за директорот (актуелен е драмскиот писател Сашко Насев) и за двајцата привремено вработени, за наемнина на просторот и за уметниците кога одат таму да се претстават.

КИЦ-от во Њујорк, пак, го раководи ликовниот уметник Горазд Попоски, настана по иницијатива на здружение на граѓани и функционира најдолго (15 години). Министерството за култура се грижи и ги покрива трошоците за кирија за овој центар и за станот што се користи за престој на сите уметници што се претставуваат. Годишниот буџет зависи од програмата и од бројот на учесници, а просечно е околу 7,5 милиони денари.

Фазлиу напомнува дека во Њујорк има многу наши иселеници и смета дека постоењето на центарот е корисно не само за културна промоција, туку помага и во други сфери, како во политичкиот живот и  во економијата.

Софија и Њујорк имаат богата програма и заинтересирани уметници што сакаат да учествуваат со свои проекти. Најголем број аплицираат на конкурсите од Годишната програма, но кога има покана или иницијатива што претходно не била предвидена, може да аплицираат и во текот на годината. Нема утврден, т.е. ограничен, буџет за проект, но има критериуми за доделување на средствата како концепт на проектот, негова продукција, ангажирани лица, патни и дневни трошоци итн.

„Речиси преку цела година центрите имаат настани. Мора да ги пофалам двајцата директори, Попоски и Насев, кои нѐ информираат за иницијативи и покани што понекогаш не доаѓаат во Министерството, туку кај нив. Во тој поглед се активни и продуктивни“, додаде шефот на Кабинетот на министерот за култура.

За други КИЦ што би се отвориле врз основа на меѓудржавни договори и по принцип на реципроцитет се споменуваат во Србија, во Швајцарија, во Русија, во БиХ, но засега се работи само за иницијативи, но не и за конкретни чекори.

Истанбул КИЦ култура Македонија Њујорк Софија Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.