Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мир на зборови – војна на дело: Американската дипломатија и руската агресија во сенка на Трамп

0
By Zoran Ivanov on April 25, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2025 10:21

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека Владимир Путин ќе го слуша кога станува збор за запирање на инвазијата на Украина, откако претходно го повика рускиот претседател во објава на социјалната мрежа „Трут сошијал“ тоа да го стори.

Сепак, официјалните податоци објавени во медиумите покажуваат дека повеќе од 200 дронови и проектили во текот на изминатите два дена биле насочени кон главниот град на Украина. Тоа беа балистички ракети, проектили лансирани од бродови и ракети од авиони како и беспилотни летала. За жал, некои од нив ги погодија своите цели.

Русите велат дека сето тоа се воени цели. Убиените цивили го докажуваат спротивното

Руското Министерство за одбрана, како и секогаш, тврди дека тоа биле некои воени објекти, но медиумите прикажаа група тинејџери кои стојат покрај урната станбена зграда погодена од руска ракета и чекаат да го најдат својот 17-годишен пријател кој е некаде под истите урнатини и не одговара на нивните повици, наведува хрватски Индекс.хр.

Во меѓувреме Киев го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени во рускиот ракетен и беспилотен напад што го погоди украинскиот главен град во четвртокот наутро.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека додека граѓаните на Киев жалат за жртвите и ги отстрануваат урнатините, украинските разузнавачки служби ги проверуваат сите детали, вклучително и дали некои од употребените ракети се произведени во Северна Кореја.

Доколку ова се потврди, Зеленски рече дека тоа би бил уште еден доказ за „криминалниот сојуз“ меѓу Москва и Пјонгјанг, пишува РСЕ.

„Тие убиваат луѓе и го исмејуваат животот заедно – тоа е единственото значење на нивната соработка“, рече Зеленски.

Зошто најголемиот притисок за постигнување договор се врши врз Украина, а не врз Русија?

Украинците, кои пред нешто повеќе од три месеци со надеж го слушаа тогашниот американски претседателски кандидат Трамп за тоа како ќе дојде и ќе ја заврши војната за 24 часа, сега разбираат дека очигледно ниту 24 часа ниту 100 дена од претседателствувањето на Трамп не донесоа никаков мир, а камоли прекин на огнот.

И сега, како што веќе може да се види од реакциите на лидерите на клучните земји од Европа и светот, сè повеќе земји го поставуваат прашањето дали САД и Трамп се способни воопшто да извршат притисок врз Путин и да го принудат на мир.

САД ќе признаат дека Крим е руски?

Неочекувано, Украинците дознаа дека еден од можните услови за потенцијален мировен договор е отстапување од Крим. Според инсајдерски информации објавени од медиумите, САД дури ја разгледуваат можноста Крим да го признаат како дел од Русија, иако тоа наводно директно не го бараат од Украина.

Но, зарем Трамп не разбира дека со тоа ќе ја отвори Пандорината кутија низ целиот свет, практично легализирајќи го правото на која било земја да ја заземе територијата и населението на друга земја преку вооружена агресија и сила? Зарем Трамп не разбира дека Крим не е само територија? Тоа е главната руска воена база во регионот, од која се гранатирани украинските градови, блокирани трговските патишта и која претставува закана за Романија, Бугарија, па дури и за Турција.

На сите им е јасно дека ако Русија го задржи Крим, ќе може засекогаш да го држи целиот црноморски регион во состојба на постојана тензија. Спротивно на тоа, ослободувањето на Крим е гарант за безбедноста на НАТО и светската навигација.

Дури и самата историја на таканаречената анексија, поточно вооружената окупација на Крим, покажува дека Русија ќе го прекрши секој „мировен договор“ штом ќе попушти, наведува Индекс.хр.

Зошто сега да ѝ се верува на Русија дека сака мир?

Западните напори за решавање на војната во Украина или дури и за обезбедување привремен прекин на огнот, пропаднаа бидејќи Русија не покажува знаци за омекнување на нападите, додека Украина ги отфрла американските предлози.

Кремљ наводно бара мировен договор што би ѝ овозможил на Русија да ја задржи контролата врз Крим, како и врз украинските територии во регионите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, кои ги зазеде по инвазијата во февруари 2022 година.

Зеленски постојано повторува дека признавањето на окупираната територија како руска е неприфатливо за Украина. Тој на 24 април истакна дека Украина се согласила со американскиот предлог за прекин на огнот пред 44 дена како прв чекор кон мировните преговори, но дека нападите на Москва сè уште траат.

Коментирајќи ги дипломатските напори, Сергеј Лавров за Си-би-ес њуз изјави дека САД и Русија се движат во вистинската насока, но дека сè уште треба да се договорат некои специфични елементи од договорот. Она што го забележуваат западните медиуми во своите анализи на темава е зошто би ѝ се верувало на Москва во овој момент кога таа на терен чини спротивно од сè она што Трамп го кажува во јавноста дека Путин е подготвен за долготраен и конечен мир.

 

Дела зборови Русија Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.