Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрополитот Амфилохије за Вучиќ:Неговата политика води кон предавство

0
By Нова ТВ on January 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 8, 2018 17:07

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до недела кога е „Православна Нова година“, нема да ги коментира изјавите на митрополитот на црногорско приморската епархија на СПЦ Амфилохије, кој го обвини Вучиќ дека негопвата политика води кон предавство на Србија на и Косово.

Изјавата на Амфилохије за црногорската ТВ Нови во која тој изјави дека „…се плаши дека политиката на Александар Вучиќ води кон предавство на Србија и на Косово….“ и дека „Апелот за одбрана на Косово и Метохија“ -чиј потписник е и самиот тој, е напишан „..поради недовербата и комбинациите кои се прават“, покрена политичка лавина од реакции во Србија.

На оваа изјава сепак реагираа високи владини функционери на СНС. Генералниот секреатар на кабинетот на српскиот претседател Никола Селаковиќ изјави за РТС дека Амфилохије се занимава со „магии кога говори за неговото стравување дека Вучиќ ќе го предаде Косово“ .

– За изјавите на Амфилохије Радовиќ би можел да говорам со часови. Што друго можете да очекувате од човек кој за Вучиќ веќе два пати одржа опела, изјави Селаковиќ.

Се огласи и вицепремиерката Зорана Михајловиќ, која изјави дека „Косово не е тема за која Амфилохије ќе ги дели луѓето на патриоти и предавници“. Таа додаде дека „Претседателот Вучиќ, како што и самиот истакнал, нема да се меша во црковните работи, како што ниту митрополитот Амфилохије нема да ја води државната политика на Србија.“

Реагираше жестоко и министерот за одбрана Александар Вулин кој изјави дека „..од клетвите на Амфилохије, ниту еден Србин на Косово нема да зајакне….Амфилохије Радовиќ, мене и Александар Вучиќ- на два пати живи не погреба, држејќи ни опела и против човечките и против божјите закони“.

На изјавата на митрополитот на СПЦ не остане рамнодушен ниту директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, кој изјави дека ставот на Амфилохије против српскиот преседател Александар Вучиќ, „…се нарачани напади во функција на дисквалификација на секој кој на таков начин настапува како преставник на црковните власти…Мене ми е срам како верник и како Србин кога ќе слушнам дека некој кој носи мантија на Српската православна црква, говори на таков нецрковен и срамен начин.“

Во изјавата Амфилохије нагласи и дека „ставот на Вучиќ да се консултира со интелетуалците за прашањето за Косово е стремеж на српскиот претседател за намалување на неговата одговорност по ова прашање“.

Во Србија деновиве требаше да биде обелоденета „Декларацијата за заштита на српскиот јазик и култура“ која би требало да го заштити идентитетот на Србите во регионот.

Амфилохија Вучиќ Косово предавство Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.