Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Почнуваме со разговори за влада, но не по секоја цена

0
By Нова ТВ on August 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека во наредните денови ќе има средби со партиите кои освоија пратенички места во Собранието за евентуално формирање на влада, но притоа потенцира дека останува на ставот дека тоа нема да го прави по секоја цена, под закани и уцени, туку врз основа на програмски определби и визија за подобар живот на граѓаните.

„Сите политички чинители кои ценат дека програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на изборите, а која најголем дел би била и програма на работењето на идната влада, може да ја поддржат. Подготвени сме да разговараме не само со БЕСА, туку со сите политички партии од коалицијата предводена од СДСМ“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Ако не успееме, остануваме опозиција, нагласи Мицкоски, додавајќи дека без разлика дали ќе бидат власт или опозиција ќе продолжат да се борат за тоа во што веруваат, а тоа, според него, е создавање подобро општество и овозможување подобар живот за граѓаните. Првата работа што ќе ја покренат во Собранието е поднесување на закон за испитување на потеклото на имот на политичарите и функционерите и на нивните семејства.

Во врска со лицата кои, како што рече им приоѓаат на пратеници на ВМРО ДПМНЕ за поддршка за нова влада, Мицкоски истакна дека знае за кого станува збор, но не сакаше да открие, со цел, како што рече, да не го наруши процесот на преговори за нова влада.

Според него, нема ништо спорно некој да пријде на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но да бара поддршка врз основа на програмски определби. Спорно е, рече, што им приоѓаат нудејќи им шест и седумцифрени суми, поволности за нив и нивните семејства, итн.

Мицкоски истакна дека Парламентот не е целосно конституиран, бидејќи не е избран претседател, чие име веројатно, како што рече, ќе се знае по формирањето на новото парламентарно мнозинство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на поскапувањето на струјата во време на пандемија што го нарече сериозен удар врз стандардот на државата и џебот на граѓаните. Ваквиот чекор бил планиран пред изборите и претставува класична измама од страна на власта, обвини тој.

Мицкоски ја квалификува одлуката на РКЕ за поскапување на струјата како политичко калкулантство, зашто била донесена по завршување на изборите, наместо на почетокот на јули до кога трае регулаторниот период. Причините, пак, за зголемената цена на електричната енергија, тој ги гледа во високата маржа на универзалниот снабдувач, во масовните партиски вработувања пред изборите, како и во вештачките исплати во АД ЕСМ по најразлични основи како К-15, 13. плата, регреси за годишни одмори за поткуп на гласови.

Како што рече, нема друга држава во Европа која сега, во услови на Ковид-19, ја зголемува цената на електричната енергија.

„Напротив, рече тој, сите ги намалуваат сметките или наоѓаат начин да ги субвенционираат. Само кај нас се покачуваат, а со тоа се овозможува екстра профит на приватна компанија за сметка на тонење на државна фирма“, истакна Мицкоски.

Мицскоски на прес-конференцијата објасни како се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и за стопанството на регулираниот пазар. Притоа нагласи дека е многу важно да се даде одговор на прашањето зошто АД ЕСМ снабдува 100 отсто, а не 75 и останите 25 отсто да ги продаде на слободен пазар, по пазарна цена многу повисока од оваа што му ја дефинира Владата со што би остварила дополнителен приход од 1,644 милијарди денари и најави дека ќе побара намалување на цената на електричната енергија. Важно е, запраша Мицксоки, и зошто се толерира толку висока маржа за универзалниот снабдувач.

„Владата предводена од Спасовски и од Заев да не ја префрлаат вината на Регулаторната комисија, да не создаваат димни зависи и да измислуваат изговори со напади кон опозицијата. Ова не е политика, туку директен удар врз џебот и стандардот на граѓаните. Власта е виновна за ваквото покачување. Не може до вчера да се фалат со воведување евтина тарифа кое сега со новото покачување се анулира и да се прават дека ништо не знаат за покачувањето. Постојат три одговори на клучните прашања зошто електричната енергија е поскапена за 7,4 проценти. Првиот е високата маржа за универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата во државна сопственост, вториот се масовните партиски вработувања пред изборите, а третиот е исплата на 26.000 денари за секој вработен во ЕСМ под превезот на К-15, 13 плата и регрес за годишен дмор во насока на поткуп на гласови“, напомена Мицкоски.

Неиздржани се, дополни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, споредбите за цената на електричната енергија со другите држави, зашто тоа се прави во однос на просечната месечна плата, а според тоа, рече, ние плаќаме најскапа струја во Европа.

„Ако се ревидира договорот потпишан во минатото под многу сомнежи и ако се ревидира маржата од 11,5 отсто на универзалниот снабдувач, ќе дојдете до одговорот зашто плаќаме највисока струја во Европа. Доволно е да биде намалена само маржата која беше не повеќе од пет проценти пред потпишувањето на договорот. Тогаш сите ние ќе плаќаме електрина енергија во границите на она што го плаќавме лани“, рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори институционално, но и вонинституционално против овие, според него, погрешни политики.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Македонија мнозинство Собрание струја Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.