Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моника Зајкова претседателка на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

0
By Zoran Ivanov on December 15, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 15, 2024 19:03

Претседателката на Либерално демократската партија -ЛДП, Моника Зајкова, е избрана за нов претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN) -регионална политичка алијанса која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа. Во рамки на Регионалната либерална конференција „Quo Vadis Europa 2024?

Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“, која во организација на ЛДП вчера и денес се одржува во Скопје, се избра и новото раководство на LIBSEEN, при што Зајкова доби едногласна поддршка во наредните четири години да биде на чело на Либералната мрежа на Југоисточна Европа.

LIBSEEN е платформа која овозможува да се обединат либералните сили во регионот односно платформа која покажува дека соработка меѓу партиите може да донесе реални промени. Примери се иницијативата за поддршка на младите претприемачи и промоција на зелени политики, иницијативата „roаm like home“ со која се намалуваат цените за роаминг услугите, како и  заеднички активности преку кои бараме поддршка од ЕУ за посолен граѓански сектор и иницијативи кои ги поттикнуваат европските вредности.

Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024?  се организира на годишнината од завршувањето на скрининг процесот со кој се заврши техничкиот дел пред формалното отворање на кластерите во процесот на преговори за членство на Македонија во Европската Унија.  Во текот на денешниот ден покрај претседателката на ЛДП Моника Зајкова,  на учесниците ќе им се обрати и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Република Македонија. Исто така ќе бидат организирани и два панели на тема „Регион кој брзо се вооружува: Европска одбранбена перспектива“ и „Осврт на глобалните конкурентни наративи: Дали ЕУ сè уште е привлечна?“. На панелите ќе се обратат високи претставници од ЕУ, либерални политичари од регионот, како и претставници на големите либерални партии од Европа.

Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“ има за цел да поттикне отворена дискусија за иднината на Европската Унија и улогата на Западен Балкан во процесот на проширување. Истовремено преку неа се дава и поддршка на ЛДП за забрзување на процесот на евроинтеграциите на Македонија.

Конференцијата е организирана  со поддршка од Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN), Европската партија на либералите и демократите (ALDE), Европскиот либерален форум (ELF) и Европскиот парламент

 

зајкова лдп либерална мрежа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.