Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

0
By Zoran Ivanov on December 14, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 14, 2024 17:47

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска, да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во МНР, Муцунски напомена дека вакви ситауции не смеат да се повторуваат и најави максимално почитување на Законот за надворешни работи.

Треба да му биде секому јасно дека од тоа што го видов сум загрижен, а се изразувам многу дипломатски кога велам. Вакви состојби не смеат да се повторуваат, посебно кога индициите укажуваат дека штетата е во шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Беше спомнат и терминот тужба, и другата страна ќе има право да приложи свои аргументи и докази. Тоа што го видов е за одредени ноторни состојби, ноторни факти, но секој има право да ги даде своите аргументи, рече Муцунски на прес-конференција.

Што се однесува до најавата на кое било лице дека ќе поднесе тужба против МНР или некој друг, тоа е, истакна Муцунски, негово право.

Јас тука ништо не можам да спорам, но сум убеден дека откако МНР е раководено од моја страна внимаваме секогаш максимално да се почитуваат законите и процедурите, што, за жал, морам да констатирам, не било пракса додека ова Министерство било раководено од мојот претходник. Најеклатантен пример е последното отповикување на генералниот конзул во Њу Џерси каде лицето било именувано на таа позиција спротивно од одредбите на Законот. Таква пракса не смееме да дозволиме, треба да бидеме репер за почитување на законите, рече министерот.

Муцунски подвлече дека некои дипломати редовно се отповикуваат, зашто им е истечен мандатот, но има и други случаи, како оние со Фрчковски, Андреј Жерновски и Весел Мемеди.

Има различни ситуации, една е онаа со поранешниот амбасадот Фрчковско кого го повикав на консултации, но не дојде и си даде оставка. Тој, по свој избор, веќе не е амбасадор во ОН. Имаме специфична ситуација и со амбасадорите Жернопвски и Мемеди, така да ги именувам, која е се уште во процедура, во комуникација меѓу МНР, Владата и претседателката, а има и ситуации на редовни отповикувања на амбасадори заради завршување на нивниот мандат, рече Муцунски.

Тој најави дека во најскор можен период ќе бидат пополнети сите клучни амбасадорски позиции, а во 2025 година, целта е да бидат пополнети и сите ДКП-а.

 

муцунски штета во евра фрчкивски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.