Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муцунски – Касаноф: Поддршката за напорите на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on December 5, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2024 18:17

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик помошникот државен секретар на САД, Александар Касаноф, надлежен за регионот на Западен Балкан во Бирото за европски и евроазиски работи на американскиот Стејт Департмент, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Во текот на средбата, Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси во земјата. Заеднички беше потврден интересот за одржување континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји преку редовна размена на посети и искуства, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и преку блиска соработка во рамки на НАТО.

Министерот го истакна фокусот на владата кон забрзување на евроинтегративниот процес и спроведување на реформи кои ќе обезбедат видливи придобивки за граѓаните, особено во делот на економскиот развој, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во тој контекст, беше нагласен интересот за унапредување на економската соработка и трговската размена со САД, како и за зајакнување на деловните врски меѓу двете земји.

Соговорниците разменија мислења и за актуелни теми од регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економската соработка, доброто владеење и демократијата.

Касаноф ја потврди силната поддршка на САД за напорите на Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ и ја истакна одличната соработка во рамките на НАТО Алијансата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.