Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Рано е за укинување на ковид сертификатите, од понеделник ќе се расправа за намалување на карантинот од 10 на седум дена

0
By Sashko on January 22, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: usatoday.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 22, 2022 09:05

На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица кои се позитивни на ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот Омикрон сој се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека сè уште има слободни капацитети во болниците во земјава.

Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата. Препораката за скратување на изолацијата доаѓа по вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство, Беким Сали изјави дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а веќе во вторник треба да биде и на седница на влада.

Во однос на задолжителното покажување на ковид сертификати, министерот за здравство потенцираше дека уште е рано да се зборува за нивно укинување, затоа што нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помало во однос на другите земји.

Според последните податоци на Министерството за здравство (МЗ), во моментот во ковид-центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти.

Од нив, 177 се сместени во ковид-центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови. Според дневната евиденција, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од ковид-19.

Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од МЗ.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 2.071 нов случај на ковид-19 од направени 6.010 тестови. Оздравени се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.

Досега во земјава се направени вкупно 1.733.866 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 252.947. Бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177. Има 19.714 активни случаи.

вакцинација Карантин Ковид-19 Македонија препорака Сертификати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.