Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На претседателството на ДУИ ни збор за истрагата на СЈО за Ахмети

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На вчерашниот состанок на Централното претседателство на ДУИ воопшто не станало збор за истрагата што пред два дена ја отвори Специјалното јавно обвинителство за стопираниот попис на населението во 2011, изјави за НОВА, Артан Груби.

-Не, воопшто не се разговараше, одговори високиот функционер на ДУИ, на нашето прашањето дали на состанокот се разговарало за истрагата на СЈО за пописот, во која е осомничен партискиот лидер Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ досега воопшто не излезе со коментар во јавноста за истрагата на СЈО.

На прес-конференцијата во средата, оваа недела, обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи информирајќи за истрагата рече дека осомничените Никола Груевски, како тогашен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Ахмети водејќи се од лични интереси се договориле да го стопираат пописот, а со тоа го оштетиле државниот буџет за околу 2,8 милиони евра.

-Постои основано сомнение дека со цел, како владејачка коалиција да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет да организираат реален попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, како и да ги сокријат неповолните факти за демографската и економската состојба на населението, што резултирало со огромно иселување од Република Македонија на работоспособното население, осомничените помеѓу 10 и 11 октомври 2011 година се договориле да го стопираат пописот…Осомничените сфатиле дека со законита пописна операција ќе им се нанесе огромна штета на владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и со тоа на нив самите како лидери на овие партии, па водејќи се пред се од лични интереси, да ја задржат моќта во општеството, одлучиле дотогаш потрошените парични средства да ги фрлат во вода, со што го оштетиле буџетот на државата за 175.123.909 денари (околу 2,8 милиони евра), изјави Фетаи.

Истрагата на СЈО, велат од невладиниот сектор, ги потврдила сомнежите околу причините за пропаѓањето на пописот, што изминативе години циркулираа, па и јавно беа изнесувани во јавноста, но досега немаше никаква реакција од правосудните органи.

-Ние цело време тврдевме дека немаше политичка волја на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како тогашна владејачка коалиција за спроведување на регуларен попис. Но, никој не понесе одговорност, немаше истрага, меѓудругото и за парите. Пописот беше неуспешен и јасно е дека станува збор за политичка игра што СЈО сега ја истражува, вели за НОВА Билјана  Бејкова од НВО Инфоцентар.

Билјана Бејкова

Оваа невладина организација во 2014 година објави анализа „Пописот е демократија, а не етничка бројка“ објавена од НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември.

Во анализата, меѓудругото се наведува дека сите соговорници опфатени во неа „се убедени дека пописот не успеа од политички причини или подобро кажано од етничко-политички причини“.

„Не би рекол дека има само една или две причини, туку е повеќе склоп на околности кои не беа поволни за владејачките партии. И двете парии настапија со агенда да се определи бројот на етничките заедници, односно бројот на граѓаните според етничка припадност, агенда врз основа на која ќе можат да си ги кројат плановите за партиски политики. На тоа се надополни и целосно партизираната и непрофесионална администрација надлежна за спроведување на пописот, и така целата операција стана дел од сцената на партизирани интереси кои се прикажуваат како административни процедури“, е ставот на еден од испитаниците во анализата, а друг вели дека „исто така, важно прашање е каде отидоа парите кои беа наменети за спроведување на пописот.

Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги негираше наводите на СЈО и изјави дека не бил вклучен во постапката за пописот и оти тој бил спроведен од Државна комисија, која како што рече, одговорно и професионално си ја работела својата работа.

Последниот попис во Македонија беше спроведен во 2002 година, што ја прави земјава една од ретките во светот која една и пол деценија ја нема направено најважната статистичка операција.

Попис, како што изјави вчера директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, веројатно ќе има во 2020 година.

Тој вели дека нема да се дозволи политизација, бидејќи како што истакнува пописот во 2011 година пропаднал токму заради политиката која влегла на голема врата со формирањето на државна пописна комисија.

Али Ахмети ДУИ истрага Никола Груевски попис СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.