Полицаец е нападнат со нож во Кан, при што се здобил со неколку убодни рани, соопшти утрово францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дармани. Тој на Твитер дополни дека напаѓачот во инцидентот е неутрализиран.

Телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори, јави дека напаѓачот отворил врата на полициско возило што се наоѓало пред полициска станица и со нож прободел полицаец кој седел зад воланот, пренесува „Ројтерс“.

Напаѓачот притоа се обидел да нападне и друг полицаец во возилото, но нивни колега пукал и тешко го ранил напаѓачот.