Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Негативни на Ковид-19, негативни и во кампањата

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com/getty images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој против секого. Во таква атмосфера изминуваат и последните денови од предизборното претставување на партиите и нивните програми што привршува исто како што започна – со изразена негативна кампања. Таквиот впечаток го засилува и сивата зона на кампањскиот период, во која секојдневно одекнуваат разни „бомби“ со цел да го дискредитираат политичкиот противник.

Во време на растечка корона-криза, вредно е да се напомене дека сите партиски лидери ја трчаат кампањата како „негативни“ на „Ковид-19, а со истиот епитет „негативни“ ја отсликаа и кампањата што ја водат – некој повеќе, некој помалку, се вели во текстот на „Дојче Веле“ за финишот на кампањата за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во среда на 15 јули.

Заев: Бевме храбри, бидете храбри

Неселективна правда, битка против корупцијата, криминалот, мафијата, непотизмот, се дел од темите кои партиите ги третираат од аголот што ним им одговара. На мета на критики се и надворешно-политичките успеси на земјата, кои лидерот на СДСМ ги смета за најголемиот политички капитал на државата реализирани во неговиот мандат, па вчера уште еднаш побара од граѓаните тие придобивки да бидат зачувани.

„За да можат сите граѓани да бидат заштитени, за да сме сигурни дека нема да бидат поништени историските закони и договори со соседите, единствената опција е граѓаните да гласаат за коалицијата „Можеме“. На другата страна имате луѓе како Гордана Силјановска, кои отворено зборуваат против законот за јазиците, Преспанскиот и договорот со Бугарија. Тие дури зборуваат и за поништување на рамковниот договор и ново уредување на државата. Тоа се нови горчини. Нови конфликти. Нови проблеми. Со тоа нема да можеме да ја донесеме Европа дома“, предупреди Заев.

„Гласајќи за другите партии од албанскиот блок кои би влегле во коалиција со Мицкоски, значи минирање на нашите евроатлантски интеграции и на договорите што го овозможија тоа. Не верувам дека Мицкоски ќе добие таква шанса, да ги поништи сите успеси. Но, од моето политичко искуство кажувам – и стотина гласа имаат моќ да ја одлучат иднината на државата. Ние донесовме одлуки без да мислиме на личниот или партиски рејтинг. Донесовме храбри и историски одлуки. Сега е време граѓаните да го направат истото“, порача лидерот на СДСМ.

За дома кошмар, за соседите сон

Неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски, во обраќање од општината Чаир тие надворешно-политички успеси ги сведе на „најсладок сон за некои од соседите”, а ги стави во корелација со застој на внатрешен план.

„Денешниот говор ќе го започнам со реченица која што ми ја кажа еден мој пријател пред два дена, кој живее надвор, инаку е родум од овде. Вели – „Христијан, Зоран Заев за граѓаните во Македонија е вистински кошмар, но затоа е најдобриот и најслаткиот сон за некои соседи“. И тоа е така, драги пријатели. Затоа што кај Заев и ова раководство на СДСМ, граѓаните и самата Македонија се некако на дното на приоритетите. Нему му се поважни многу други работи, поважни му се сите оние лични агенди кои што е одлучен да ги турка на сметка на честа и достоинството на граѓаните во Македонија. Оваа партија единствено гледа за своите лични интереси“, рече Мицкоски.

Притоа, лидерот на партијата која постојано потенцира дека се залага за независно судство и неселективна правда, објасни како ќе го реализира тој приоритет.

„Јас ви ветувам дека во првите 100 дена секој оној кој што се огрешил пред законот, осрамотил пред граѓаните без разлика дали е политички определен или неопределен на онаа или оваа политичка партија, ќе одговара. Од прв до последен. Доста беа неправди, овој народ е уморен од криминалци, од натрапници во политиката“, порача Мицкоски.

Никола Димитров, носител на листата на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 1, вчера од Скопје беше директен кон пораките што стигнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не се лажеме. Со ВМРО-ДПМНЕ нема да има пристапни преговори со Европската Унија. И затоа, иднава среда, на 15 јули, што ќе правиме – ќе дигаме раце? – Или ќе излеземе и ќе дадеме што помалку простор за овие теговиве што нè влечат надолу, за овие луѓе што главата не ја дигнале, па не можат да видат дека земјата не само што се исправи од срамот што ни го оставија, туку си влезе во НАТО и на еден чекор е да почне пристапни преговори со ЕУ“, порача Димитров.

Доста е за ДУИ

Не е помалку жестоко ниту во албанскиот блок. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кампањата ја минува во интензивно пропагирање на идејата за „прв премиер Албанец“, во очекување дека со тоа ќе добие предност над другите партии на Албанците, но и дека ќе ја крене цената на коалицискиот потенцијал.

„Идејата за премиер Албанец не е шега и ќе ја материјализираме, затоа што тоа е легитимно право. Жалам зошто моите колеги Македонци се однесуваат со ваква паника, зошто не излегуваат на дебата, зошто не се соочуваат со Насер Зибери. Со Насер Зибери не се соочуваат заради тоа што им недостасува знаењето на Насер Зибери. Зибери на соочување оди на природен начин, не со тендеција. Одовде барам од младите Албанци, од мисионерите Албанци, на 15 јули да ми го дадат мечот“, порача Ахмети во Скопје. Тој потенцира дека досега не изгубил ниту една борба, затоа што мечот му го давале војници, патриоти и мисионери.

Доста е, 18 години ДУИ беше во власта, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Тој порача дека Албанците не треба да гласаат за ДУИ, бидејќи на таа партија и се потребни промени.

„Честопати нè задолжиле за многу работи, но тие работи кои биле во интерес на граѓаните ги поддржавме. Зошто сега треба нас да не поддржат, а не другата опција, на господинот Ахмети? – Затоа што на Албанците им требаат промени. Статус-кво е тоа што ја губи надежта. Јас не ценам дека ДУИ добро менаџирала со гласовите што го добила од Албанците, но и да менаџираше добро, 18 години се многу, а 18 години ДУИ е на власт“, рече Села во изборна дебата на ТВ „21″.

Али Ахмети ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Зијадин Села Зоран Заев Избори 2020 СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.