Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Груевски не бил таргет на прислушување

2
By Нова ТВ on November 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 18, 2016 12:53

Како што соопштија обвинителките на СЈО на денешната прес-конференција, податоците за прислушуваните  броеви во моментов се само од еден телефонски оператор, чие име поради истрагите не се објавува, а се чекаат судски налози поднесени за прибавување на податоци од други оператори кои се изјасниле дека не поседуваат прислушувани броеви.

Обвинителката Ленче Ристовска, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека покрај новинари, следени биле луѓе од најразлични профили, а помеѓу нив и министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Екс-министерката Гордана Јанкуловска била прислушувана 732 дена незаконски, а екс-министерот Миле Јанакиески, кој поседувал неколку броеви, бил следен 732 дена на едниот, 553 на вториот, додека 816 дена на третиот број.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил следен најмалку 338 денови на едниот број и 867 денови на другиот свој број. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и на едниот и на другиот телефонски број бил следен 1257 денови.

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, на едниот бил следен 320 дена, а на другиот број 92 дена. Муса Џафери од ДУИ бил следен 1658 денови и слично.

Според податоците кои СЈО ги има обработено досега, екс-премиерот Никола Груевски не бил таргет, но на телефонските разговори го има ако се земе предвид дека разговарал со оние што биле прислушувани.

Новинарот Борјан Јовановски бил следен и на двата свои телефонски броеви кои ги користел. Од 31.02.2010 до 10.01.2013 година е следен на едниот број додека од 25.12.2012 до 10.03.2015 е следен на другиот број кој го користел.

Новинарката Сашка Цветковска била следена од 10 фебруари 2014 до 15 март 2015 година, вкупно 183 дена во тој период.

Комуникациите на новинарката Мери Јордановска биле следени од февруари 2014 до март 2015 година, додека телефонот на Горан Михајловски, уредник на сајтот „Сакам да кажам“ бил следен од 01.02.2013 до 10.03.2015 година.

Следени биле уште десетици други новинари, а повеќето од нив веќе поднеле тужби преку адвокатот Филип Медарски.

Али Ахмети Гордана Јанкулоска Миле Јанакиески Муса Џафери Никола Груевски прислушување СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.