Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова нула на Македонија на патот кон ЕП 2020: Австрија со покер голови на „Тоше Проески“

0
By Нова ТВ on June 10, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација го одигра најслабиот натпревар во изминатите две години и го запиша вториот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. По Полска, бодови од Скопје однесе и Австрија која вечерва славеше со 4:1 во четвртото коло во групата Г. Двапати на арената „Тоше Проески“ реализира Марко Арнаутовиќ во 62. минута од пенал и во 82. минута, Валентино Лазаро погоди во 39. минута и во 86. минута во противничката мрежа „стрелаше“ и Конрад Лајмер со голема помош од Егзон Бејтулаи. Единствениот за „црвено-жолтите“ беше автогол на Мартин Хинтерегер во 18. минута.

Македонија со грч влезе во четвртиот настап во евроквалификациите. Во најголем дел од првото полувреме, Австрија беше селекцијата што повеќе пати го побара патот до мрежата на Столе Димитриевски кој, пак, беше на ниво и не дозволи да биде совладан во двете зицер ситуации со Марко Арнаутовиќ во втората и во 24. минута, двапати се обиде и Марсел Сабицер кој во 44. минута го погоди и десниот дирек, а во 26. минута се закани и Андреас Улмер чиј пласиран удар, за среќа, заврши во голаут.

Таквата слика на теренот, сепак, резултатски не се одрази на „црвено-жолтите“ кои на одмор заминаа со 1:1. Македонската репрезентација поведе со автоголот на Мартин Хинтерегер во 18. минута, израмнувачкиот стигна во 39. минута преку Валентино Лазаро. Капитенот Горан Пандев имаше прилика во 30. минута да се запише во листата на стрелци, но шутираше над голот од непосредна близина.

Домашните не излегоа од грч ниту во продолжение на средбата. Многу грешни додавања на средина и во нападот, премногу простор по страничните позиции направија играта, во најголем дел, да се одвива пред голот на Димитриевски кој не дозволи да биде совладан во 50. минута од Сабицер, фудбалер кој во 62. минута изнуди пенал што во гол го претвори Арнаутовиќ. Австрискиот напаѓач ја погоди целта и 20 минути подоцна по асистенција на Сабицер за Лајмер да стави точка на трите бода во 86. минута.

Квалификациите за македонскиот национален тим продолжуваат на 5 септември со гостување во Израел, а потоа, во шестото коло, и кај Летонија.

Полска ја оправда фаворитската улога против Израел и забележа нов триумф без примен гол (3:0) додека Словенија беше уште поубедлива во Рига каде ја декласира Летонија со 5:0.

Квалификации за ЕП 2020

Група Г, 4 коло

Македонија – Австрија 1:4

Полска – Израел 3:0

Летонија – Словенија 0:5

Табела: Полска 12, Израел 7, Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0.

Идно коло (5 септември)

Израел – Македонија

Словенија – Полска

Австрија – Летонија

Австрија ЕП 2020 квалификации Македонија репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.