Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарите на НОВАТВ слушани од УБК додека го истражувале Мијалков

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дури и откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја објави првата „бомба“ и на новинарите чии телефони со години биле прислушувани од власта, им ги предаде папките со транскрипти и аудио записи од нивните разговори, прислушувањето на новинарите не запрело.

Раководни лица во УБК ги слушале разговорите на новинарите дури и еден месец по објавувањето на првата бомба на 9 февруари минатата година. Ова денеска на прес конференција го соопштија од СЈО, презентирајќи го новиот случај под кодно име „Таргет“ во кој осомничени се 10 лица од УБК дека нелегално прислушувале.

Обвинителката Ленче Ристовска денеска рече дека голем број бизнисмени, новинари и политичари биле прислушувани.

Новинарот и уредник на НОВАТВ Борјан Јовановски бил следен цели три години, од 31.02.2010 до 10.01.2013 година е следен на едниот број додека од 25.12.2012 до 10.03.2015 е следен на другиот број кој го користел. Неговата колешка и уредник на истражувачката редакција во медиумот Сашка Цветковска, била следена во периодот од 10 февруари 2014 до 15 март 2015 година. Според  податоците кои ги сподели СЈО, нејзиниот број бил слушан 183 дена во овој период.

„Нема ништо ново во денешната прес конференција освен официјална потврда дека нашите животи не ги следеле никакви странски служби туку дека тоа го правеле оние кои биле платени од наши пари да ја штитат нашата приватност. Мене денеска ми е интересна информацијата дека моите комуникации се следени и во 2014 година. Претпоставувам тогаш посебно ги интересирала мојата комуникација со мојата најблиска соработничка , колешката Сашка Цветковска која работеше напорно и долго на големото истражување за бизнисите на шефот на разузнавањето Сашо Мијалков. Веројатно во таа комуникација барале нешто што би можело да ја компромитира работата на Цветковска но очигледно безуспешно затоа што сторијата се објави и ја доби и наградата за истражувачко новинарство од ЕУ“, вели Јовановски.

Новинарката Цветковска вели дека периодот кога биле прислушувани бил еден од најплодните за истражувачката редакција на НОВАТВ.

„Слушани сме во периодот кога сме работеле најинтензивно на истражувања како она за имотот на Сашо Мијалков со нашите партнери од ОССРП, тогаш ги работевме истражувањата за медиумска сопственост кои открија врски помеѓу партијата и сомнителни компании, ги истражувавме бизнисите на моќниот Јордан Камчев, русинот Сергеј Самсоненко и многу други. Овој период беше еден од најплодните во нашата истражувачка редакција, а многу е интересно дека ден откако е прекинато слушањето на мојот телефон е објавена сторијата за имотот на кумот на Груевски и други поврзани лица од бизнисот и политика на Водно, откако НОВАТВ работеше на дополнителни истражувања за оваа афера која првично беше објавена во бомбите. Веројатно сакале да знаат со кого комуницираме, кои ни се изворите и слично“, смета Цветковска.

Телефонот на Мери Јордановска, новинарка во Балканската истражувачка мрежа БИРН бил слушан од февруари 2014 до март 2015 година. Јордановска вели очигледно оние што прислушувале се чувствуваат слободни оваа држава да ја користат како фамилијарна приватна фирма, притоа не земајќи предвид кому ќе наштетат.

„Самиот факт што УБК продолжило со прислушувањето дури и по објавувањето на т.н. бомби, па дури и откако осомничените за Пуч, како Ѕвонко Костовски, беа осудени на затворска казна, недвосмислено кажува кој го вршел прислушувањето. Сигурно дека Костовски не прислушувал откако веќе бил осуден. Сето ова говори дека УБК била во рацете на луѓе кои буквално не чувствувале ниту страв ниту одговорност ниту пак се чувствувале загрозени за незаконските дејства што ги правеле – затоа што една деценија, се е во нивни раце. Тие се чувствуваат слободни оваа држава да ја користат како фамилијарна приватна фирма, притоа не земајќи предвид кому ќе наштетат“, вели Јордановска.

По објавувањето на бомбите се уште бил следен и телефонот на Горан Михајловски, уредник на сајтот „Сакам да кажам“ и поранешен уредник на дневниот весник „Вест “бил следен од 01.02.2013 до 10.03.2015 година.

Михајловски во изјава за НОВА вели дека не е изненаден, но е шокиран дека и откако ја добил папката со прислушувани разговори, власта продолжила да прислушува. Тој е убеден дека власта се уште го прислушува неговиот телефон.

„Не сум изненаден, но сепак сум шокиран од тоа што дури и откако ја добив мојата папка со прислушуваните разговори власта продолжила да ме прислушува. Шокиран сум и од бескрупулозноста на нарачателите, но и на извршителите на овие криминални активности кои ги повредуваат моите основни човекови права. Не сум шокиран од злоупотребата на државните ресурси со кој е направен овој упад во мојот приватен и професионален живот. Не сум шокиран ниту од сознанието дека сакаат да ме контролираат за да може да ме уценуваат. Тие таа контрола и уцена со наши пари ја прават, на еден или на друг начин, со сите граѓани на Република Македонија веќе 10 години. Но пострашно од прислушувањето е што не сум убеден дека на овој суд ќе можам да ја истерам правдата. А најстрашно е што сум убеден дека и сега ме прислушуваат“, смета Михајловски.

Преку правни застпаници десетици  новинари веќе водат постапки за да се утврди кој ги прислушувал откако минатата година лидерот на СДСМ им подели аудио разговори и транскрипти од следени телефонски разговори во УБК.

„Таргет“ бомби истражувања новинари прислушувани разговори прислушување СЈО стории
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.