Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството денеска со нови докази за 27 април

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 08:27

Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази од Обвинителството.

Вчера во судот исказ даваше сведокот Методија Илиевски, предложен од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Тој рече дека седум години го знаел Богдан и го опиша како воспитан, културен и многу чесен човек.

Методија посочи дека самоиницијативно бил учесник на 50 од протестите на „За заедничка Македонија“, кое го оцени како позитивно движење во кое се говорело за ненасилни дејствија за промени кои ќе бидат подобри за граѓаните.

На 27 април бил на протестите пред Собрание и ништо не укажувало дека ќе биде различно од претходно.

-Во еден момент почна да се зборува дека луѓе влегуваат во Собрание и на тој начин се прекинаа говорите. Ниту претпоставувавме дека ќе се случи тоа што се случи, ниту тоа беше нашата цел, рече Илиевски и додаде дека сите биле шокирани.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Обвинение за 27 април: ОЈО потврди обид за убиство на Заев

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Русковска најава можна комплетно нова постапка

Јавната обвинителка Вилма Русковска завчера рече дека се прибираат докази за лицата кои беа дополнително споменати на судењето за случувањата во Собранието за 27 април, бидејќи, како што рече, не може да се поведе постапка само врз основа на исказ на еден обвинет. Таа потенцира и дека ако има докази нема да има проширување на постапката, туку  може да има комплетно нова.

-Врз база на сведочењата за случувањата на 27 април, за лицата кои беа дополнително споменати се прибираат докази, затоа што знаете дека само врз база на изјава на еден обвинет не може да се води постапка. Не може да се води постапка, ниту врз база на изјава на еден сведок ако нема материјални докази, рече Рускоска одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата за борба против корупцијата.

Законот за амнестија в понеделник во Собрание

Законот за амнестија се очекува во понеделник да биде ставен на гласање, откако утре собраниското Координативно тело ќе ја утврди предлог-верзијата.

Завчера Работната група на Телото за помитување во Собранието, го усогласи предлог законот за амнестија за настаните од 27 априли 2017. Притоа, како што изјави Зеќир Рамчиловиќ оние кои биле организатори и кои учествувале во обид за убиство нема да бидат амнестирани. Не прецизираше дали ќе се бара преквалификација на делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“, но го спомена делото „здружување заради непријателска дејност“.

Вчера, адвокатот на еден од обвинетите Митко Чавков, Сашо Дуковски рече дека треба да се почека со заклучоците за тоа кој се ќе биде опфатен со законот, но истакна дека не се согласува со селективна правда.

27 април докази обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.