НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очекувањата за членство во НАТО и преговори со ЕУ се вкрстуваат во март

0
By Нова ТВ on February 20, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: civil.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По најавата на Шпанија за забрзување на постапката за ратификација на Протоколот за НАТО и реафирмираната поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ, како и омекнaтиот став на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе поддржи отворање на преговори со Скопје и Тирана ако резултатите од извештајот што ЕК се позитивни, го прават март клучен месец во календарот за евро-атлантските перспективи на земјата.

Шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаха на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Мадрид, истакна дека нејзината земја ќе поддржи старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ на состанокот на Европскиот совет во март.

Лаха нагласи дека Шпанија работи со Франција за обезбедување консензус по ова прашање, додавајќи оти за тоа станало збор и на завчерашната средба на шпанскиот државен секретар за ЕУ, Хуан Гонзалес Барба со неговата француска колешка Амели де Моншалан.

Димитров изјави дека со новата методологија предложена од Европската комисија, која предвидува награда за оние што ја завршиле домашната задача и казна за оние кои назадувале, ќе биде многу тешко, па дури и засрамувачки, да се каже повторно „не“ за Северна Македонија.

Тој потсети дека земјава направи значителен напредок, го реши долгогодишниот спор со Грција за името, ги спроведе задачите што и беа поставени и целосно е подготвена за старт на преговарачкиот процес со ЕУ.

Во врска со ратификацијата на Протоколот за НАТО во шпанскиот Сенат, Лаха очекува тоа да се случи многу брзо и Северна Македонија да стане 30-та полноправна членка на Алијансата. Ратификацијата на Пристапниот протокол, нагласи таа, е веќе започната по скратена постапка и денеска се очекува да биде усвоена од Комисијата за надворешни работи на Долниот дом, а веќе следната недела ќе биде ставена на гласање на пленарна сесија по што постапката ќе продолжи во Сенатот. Очекувањата се дека целата постапка би требало да заврши до крајот на март годинава.

Во рамки на посетата, Димитров оствари средба и со претседателката на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Маричел Батет, која му ја претстави очекуваната временска рамка за процесот на ратификација, како последна земја членка на НАТО со која треба да се заокружи процесот.

„Забрзаната постапка за заокружување на нашето членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент е потврда за силната волја на Шпанија да помогне на Северна Македонија за конечно остварување на стратешките цели. Добрите вести од Шпанија се реалност во март, веројатно најзначајниот месец во календарот на нашите успеси“, оцени министерот Димитров.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во вчерашниот негов говор во францускиот Парламент за проширување на ЕУ побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и за Тирана и рече дека Унијата „не може да биде силен геополитички фактор на меѓународно ниво, доколку не е кредибилен фактор во нејзиното соседство“.

Нагласи дека со постигнатиот Договор од Преспа во 2018 година, за Северна Македонија„се отклучи“ перспективата за проширување, паралелно давајќи импулс и на албанската европска перспектива, а придонесе и за нов моментум во развојот на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ако повторно ја загубиме оваа динамика, ќе биде многу тешко повторно да ја вратиме.

„Зоран Заев, како премиер беше доста храбар да најде компромис со мене за името, а истото го стори и со Бугарија, иако ја знаеше тешката политичка цена. Причината, зошто ние и нашите министри за надворешни работи, Никос Коѕијас и Никола Димитров, успеавме да стигнеме до овој договор беше затоа што го базиравме на взаемно почитување и заемно прифатливи решенија. Ние, не ги префрливме проблемите за далечната иднина, не ја фрливме топка на следниот. Не се обидовме меѓусебно да се измамиме или да играме политички трикови. Не игравме на лесната карта – националистичкиот популизам што другите политички сили го користеа и го користат во нашите земји. Ние, го почитувавме меѓународното право“, рече Ципрас.

Поранешниот грчки премиер коментираше дека откажувањето, па дури и одложувањето на проширувањето ќе има сериозни последици за стабилноста во регионот. Како пример за тоа се наврати во 2014 година кога Жан Клод Јункер најави замрзнување на процесот на проширување, а „регионот влезе во состојба на продолжена нестабилност“.

Според него, позитивно е тоа што се дискутира за нова методологија за усогласување и подобрување на процесот на интеграција, но додаде дека, сепак, мора да е јасно оти „не постојат механизми што можат да ја заменат перспективата за интеграција на народите од Западен Балкан, а европската соседска политика е моќна алатка за реформи и финансиска поддршка“.

Заменик министерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, вчера во редовниот брифинг за новинарите ја оцени како многу позитивно што конференцијата за Западен Балкан во понеделник во Солун доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, која имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис.

„Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти“, вели Пецас во однос на тоа колку конференцијата ќе придонесе за забрзување на европската перспектива на Скопје и на Тирана.

Во понеделник, во Солун на конференцијата за поддршка на европската перспектива на регионот „Од Солун до Загреб”, ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ и шефовите на дипломатиите на државите кандидати за членство од Западен Балкан, меѓу нив и министерот за надворешни работи Никола Димитров. На фирумот е поканет да присуствува и комесарот за проширување и соседство на ЕУ, Оливер Вархеји.

Во меѓувреме, и премиерот Оливер Спасовски во интервју за „ЕУ Обсервер“ ја повика ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување на земјата пред априлските избори.

„Направивме се што беше побарано од нас и многу е важно да добиеме соодветна порака од ЕУ, особено во март. Тајмингот е од огромна важност за нас со цел да се запре неизвесноста околу европската перспектива на Северна Македонија што може да се појави во земјата, но и во регионот“, оцени Спасовски.

Претстојните избори, вели, ќе бидат соочување меѓу проевропските и националистичките сили во земјата.

ЕУ Македонија НАТО Перспектива преговори Протокол членство Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.