Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од грч до хепиенд: Македонија ја пречкрта Словенија на ракометното ЕП

0
By Нова ТВ on January 13, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија ја забележа првата победа во премиерните настапи на Европските ракометни првенства. „Црвено-жолтите“ ја совладаа Словенија со 25:24 во воведното коло од групата Ц во Загреб и во голема мера го расчисти патот кон Вараждин во вториот круг на континенталниот турнир во Хрватска. Дејан Манасков беше најефикасен играч вечерва во „Загрепска арена“ со осум гола, еден повеќе од капитенот Кире Лазаров, Жига Млакар со четири гола го предводеше словенечкиот состав.

Македонија тргна во грч против, традиционално, незгодниот ривал. Се чувствуваше притисок од негативниот биланс во меѓусебните дуели во „змајчеки“, но и силна желба за одмазда за поразите од последните две светски првенства во 2015 година и во 2017 година. Па, првата четвртина од натпреварот донесе големи маки за националниот тим. Организацијата на нападите одеше тешко, реализацијата никако, а резултатски чекор се одржуваше преку ударите од седум метри. Таква беше „црвено-жолтата“ слика до 13 минута во која се дочека и првиот погодок од игра (Стојанче Стоилов).

Од тој момент како да дојде до ослободување на македонските ракометари. Ги надвладеаја импресиите и почнаа да се појавуваат во мечот. Заиграа послободно и полека, но сигурно, воспоставуваа рамнотежа и на теренот и на семафорот пришто пресудна улога имаше потегот на Раул Гонзалез да го замени Борко Ристовски со Никола Митревски меѓу стативите. А, голманот на романска Доброгеа Суд од Констанца возврати на импресивен начин за, можеби, најдобрата своја репрезентативна партија во кариерата. Одбрани девет удари, „фати“ и седмерец за внесување немир кај противничките ракометари. Неговите интервенции беа валоризирани во нападот и со погодокот на Филип Талески се замина со егал на одмор (11:11).

Македонија продолжи фуриозно по враќање од соблекувалната. Се разбуди Манасков кој за првпат во средбата обезбеди водство за репрезентативните колеги. Она што беше Словенија во првото полувреме, „црвено-жолтите“ беа во второто. Набрзина нанижаа неколку погодоци и осигураа чувствителна предност што беше како еден вид на патоказ во која насока ќе оди мечот. Но, драмата, сепак, остана во „Загрепска арена“. Романските арбитри во еден момент досудија три исклучувања за македонски ракометари што беше голем „ветар во грб“ за составот на Веселин Вујовиќ што и се случи. „Змајчеки“ се вратија во живот и до крај придонесоа за резултатска тензија во Загреб.

До крајот се играше гол за гол пришто двете селекции наизменично се менуваа во водство. Факторите срце и глава во финишот, сепак, беа на страна на Лазаров и компанија кои имаа плус еден, но и два нереализиран и напада за ставање на точка на победа што, за среќа, остана неказнето од Словенците.

Во увертира на македонско-словенечкиот судир, бранителот на титулата Германија славеше убедлив триумф над Црна Гора со 32:19.

Утре е ден за одмор во Загреб. Натпреварите во групата Ц продолжуваат во понеделник со дуелите Словенија – Германија (18,15 ч.) и Црна Гора – Македонија (20,30 ч.).

Македонија – Словенија 25:24 (11:11)

Сала: „Загрепска арена“ во Загреб. Гледачи: 12.000. Судии: Константин Дин и Сорин Лорентиу Дину (двајцата од Романија).

Македонија: Ристовски (4 одбрани), Митревски (9 одбрани, 1 седмерец), Манасков 8, М. Велковски, Стоилов 1, К. Лазаров 7, Прибак 1, Јоновски, Талески 1, Миркуловски 2, Н. Маркоски, Кузмановски, Георгиевски 2, Ф. Лазаров 2, Поповски, Пешевски 1. Селектор: Раул Гонзалез.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 12 минути.

Словенија: Скок, Лесјак, Благотиншек 3, Вердинек, Хенигман 1, Маргуч 2, Кавтичник 1, Јанц 3, Цингесар 3, Зарабец 3, Безјак 1, Гребенц, Жабич, Мацковшек 2, Млакар 4, Сухолезник 1. Селектор: Веселин Вујовиќ.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 20 минути.

ЕП во ракомет (м) во Хрватска

Група Ц (Загреб), 1 коло

Германија – Црна Гора 32:19

Македонија – Словенија 25:24

Група Д (Вараждин), 1 коло

Шпанија – Чешка 32:15

Данска – Унгарија 32:25

Утре на ЕП 

Група А (Сплит), 2 коло

Србија – Шведска (18,15 ч.)

Исланд – Хрватска (20,30 ч.)

Група Б (Пореч), 2 коло

Австрија – Франција (18,15 ч.)

Норвешка – Белорусија (20,30)

Дејан Манасков ЕП во ракомет Кире Лазаров Македонија Никола Митревски Словенија Филип Талески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.