Од утре престанува да важи полицискиот час на ниво на целата држава додека од четврток ќе се дозволи отворање на отворениот дел на угостителските објекти (кафулиња и ресторани). Ова го сооопшти премиерот Оливер Спасовски како една од низата одлука што беа донесени на попладневната владина седница по, како што нагласи, препораки на Комисијата за заразни болести.
Затворените делови од објектите како што рече Спасовски ќе се регулира во наредната фаза.
Прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европските прашања, Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и доктор Жарко Караџовски е во тек.