Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено рочиштето за Тврдина 2

1
By Нова ТВ on September 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 26, 2017 11:13

Одложено е денешното рочиште за случајот Тврдина 2 во кое обвинети се Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК. Причината е тоа што судот се уште не добил известување од МВР дека Грујевски е во бегство, односно дека е недостапен за органите на прогонот.

Без потврда од МВР, СЈО не може да побара на поранешниот прв човек на Петта управа да му се суди во отсуство.

Наредното рочиште е закажано за 2 октомври кога се очекува четворица сведоци да дадат исказ.

Обвинителката Ленче Ристоска од СЈО, која е застапник на обвинението, во петокот на дебата за употребата на посебни истражни мерки за трети лица пред домашни и странски експерти, рече дека за обвинителството од исклучителна важност е главните обвинети за масовното нелегално прислушување од случаите „Тврдина 2“ и „Таргет“, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, да бидат најдени.

Горан Грујевски веќе два ипол месеци е во бегство, а како што вчера истакна министерот Оливер Спасовски тие секојдневно добиваат нови сознанија за можната локација каде се крие.

Директорот на УБК Горан Николовски во интервју за Телма рече дека не смее да изнесува повеќе детали за истрагата, бидејќи таа истрага ја води Обвинителството, а Управата работи по налог на обвинителството.

Во врска со неговиот двоен идентитет, Николовски рече дека истрагата ќе покаже како тој добил. Според него, најверојатно зе злоупотребени правилата за заштита на заштитени сведоци.

-Според законската реглатива, тоа е во делот на заштита на заштитените сведоци. Двојни идентитети постојат и тие се регулирани законски.  Што се однесува до УБК можам да потврдам дека ние немаме пракса на двоен идентитет, бидејќи нашата работа е внатре на територијата на РМ и ние немаме потреба од двоен идентитет за нашите вработени. Веројатно се злоупотребени правилата за заштита на заштитените ведоци, рече Николовски.

 

Горан Грујевски Горан Николовски потерница СЈО Суд Тврдина 2 УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.