Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено судењето за Грујевски, нема известување дека е во бегство

0
By Нова ТВ on September 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 26, 2017 13:13

Одложено е денешното рочиште за случајот Тврдина 2 во кое обвинети се Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК. Причината е тоа што судот се уште не добил известување од МВР дека Грујевски е во бегство, односно дека е недостапен за органите на прогонот.

Без потврда од МВР, СЈО не може да побара на поранешниот прв човек на Петта управа да му се суди во отсуство.

Наредното рочиште е закажано за 2 октомври кога се очекува четворица сведоци да дадат исказ.

Обвинителката Ленче Ристоска од СЈО, која е застапник на обвинението, во петокот на дебата за употребата на посебни истражни мерки за трети лица пред домашни и странски експерти, рече дека за обвинителството од исклучителна важност е главните обвинети за масовното нелегално прислушување од случаите „Тврдина 2“ и „Таргет“, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, да бидат најдени.

Горан Грујевски веќе два ипол месеци е во бегство, а како што вчера истакна министерот Оливер Спасовски тие секојдневно добиваат нови сознанија за можната локација каде се крие.

-Каде е Горан Грујевски треба да ја прашате полицијата. Јас можам да кажам дека чекаме да стигне предлогот кој обвинителот треба да го достави до судот за судење во отсуство и судот да го добие известувањето за недостапноста на обвинетиот. Како негова одбрана, сметаме дека би требало да го застапувам оти бев ангажиран од неговиот син, изјави адвокатот Љупчо Шврговски.

Според бранителот на Грујевски, бегството на неговиот клиент не може негативно да влијае на останатите обвинети во постапката, бидејќи оваа околност е дефинирана со закон.

Избегаа пред одлуката на Врховен

Грујевски и Никола Бошковски, обајцата бивши началници во Петтата управа, од 18 јули не се достапни.

Одлуката за притвор Апелациониот суд во Скопје ја донесе на 18 јули, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии. Оттаму информацијата дека треба да одат во притвор беше позната во јавноста на 26 јули околу 14 часот, а Врховен официјално преку соопштение ја потврди еден час подоцна. Процедурата потребна за решенијата, односно налозите за апсење да пристигнат од судот до МВР траеше околу седум часа, што според познавачите, е повеќе од доволно за засегнатите да се пуштат во бегство.

Биле барани на шест-седум локации за кои МВР се сомневала дека таму може да ги пронајде, но не биле најдени. Исто така, не можеле да ги лоцираат ниту преку мобилните телефони бидејќи наводно ги „заборавиле“ дома.

На четвртиот ден од бегството МВР објави потерници.

Двоен идентитет

Во меѓувреме, беше откриено и дека Грујевски имал двоен идентитет и друг пасош на име Владимир Варелов, негов сограѓанин од Велес кој е вработен во ЕБР.

Спасовски не прецизира кој му го издал вториот пасош на Грујевски и дали е повлечен од употреба.

Прашан за другите евентуални идентитети на Грујевски, освен оној на Владимир Варелов, министерот Спасовски потврди дека вработените во УБК поседуваат различни идентитети, но само кога извршуваат специфични службени обврски. Според него, додека се трага по Грујевски и Бошковски, паралелно се води истрага и за оние лице коишто го помогнале нивното бегство.

Николовски: УБК нема пракса на двоен идентитет

Директорот на УБК Горан Николовски во интервју за Телма рече дека не смее да изнесува повеќе детали за истрагата, бидејќи таа истрага ја води Обвинителството, а Управата работи по налог на обвинителството.

Во врска со неговиот двоен идентитет, Николовски рече дека истрагата ќе покаже како тој добил. Според него, најверојатно зе злоупотребени правилата за заштита на заштитени сведоци.

-Според законската реглатива, тоа е во делот на заштита на заштитените сведоци. Двојни идентитети постојат и тие се регулирани законски.  Што се однесува до УБК можам да потврдам дека ние немаме пракса на двоен идентитет, бидејќи нашата работа е внатре на територијата на РМ и ние немаме потреба од двоен идентитет за нашите вработени. Веројатно се злоупотребени правилата за заштта на заштитените ведоци, рече Николовски.

Грујевски и Бошковски се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и на уништувањето на опремата. Бошковски е вработен во Управата, а Грујевски беше началник на петтата управа во УБК.

Бошковски Горан Грујевски Горан Николовски Ленче Ристоска МВР Оливер Спасовски СЈО судење Тврдина2 УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

ВЕСТИ January 28, 2026

Секој ден ќе бидеме пред Влада додека не ја постигнеме целта, а тоа е зголемување…

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

January 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.