Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опција за решение на спорот и ново ветување за иднината на регионот

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 18, 2018 08:17

На маргините на Самитот ЕУ -Балкан во Софија се одржа тет а тет средба на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, втора по обновувањето на преговорите за решавање на спорот за името.

Како што изјави Заев, разгледувале можни опции за креативни решенија и утврдиле една од нив која била најприфатлива за двете страни.

– Заедно со премиерот Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентираше во последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори, рече Заев.

Заев нагласи дека доколку е можно практично спроведување на тоа решение, тогаш всушност „имаме решение“. Тој не прецизираше за какво решение станува збор, ниту директно одговори дали на средбата станало збор за промена на македонскиот Устав.

Македонија се надева дека решение за името ќе се најде пред јунскиот Самит на ЕУ, како и пред јулскиот Самит на НАТО, а Заев посочи дека се надева оти тоа ќе се случи, а во крајна линија доколку не се случи тогаш двете страни ќе продолжат да го бараат.

Ципрас, на прес-конференцијата беше повоздржан во оценките за тоа дали на повидок е договор меѓу двете земји.

Фото Катимерини

Тој рече дека се разговарало за повеќе опции и оти најповолна опција е онаа која ќе ги опфати сите прашања.

– Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.

– Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец, рече Ципрас.

За средбата на двајцата премиери, освен медиумите, говореа и највисоките европски претставници.

– Разговорите меѓу Македонија и Грција напредуваат добро и постигнат е значителен напредок. Прашањето за Македонија е мошне важно, рече германската канцеларка Ангела Меркел на брифингот.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан рече дека е оптимист за решението, но не сакаше  да дава прогнози за евентуалната временска рамка.

– Секогаш сум оптимист.  И ќе останам оптимист. Двајцата премиери се на добар пат, рече Хан

Опсегот на употреба и измените на македонскиот Устав остануваат спорните прашања. Грчката страна инстистира на ерга омнес и промена на Уставот, а тоа денеска уште една го повтори грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

И додека двајцата премиери договараа опција што ќе ја презентираат на релевантните политики фактори во своите земји, од Грција повторно беа упатени познатите позции од претседателот Прокопис Павлопулос дека промена на Уставот е предуслов  за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја и од лидерот на грчката опиизиција Кирјакос Мицотакис, дека комплетно решение со ерга омнес и уставна промена, се предусловите за договор меѓу двете земји.

 

Што донесе софискиот Самит?

Самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржа вчера во организација на бугарското претседателство во Софија внесе нова енергија во односите меѓу ЕУ и регионот, 15 години по состанокот во сличен формат, кој се одржа во Солун. Сепак, фокусот не беше на проширувањето, туку на поврзувањето, со цел да се подобри транспортот и дигиталната инфраструктура на регионот и да се олесни соработката.

Европската унија вчера им даде ново ветување за членство на своите партнери од Западен Балкан, но без најпосакувана награда – датум на пристапување.

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан,но бара реформи

Лидерите на Европска унија и земјите членки на ЕУ, во консултација со партнерите од Западен Балкан во Софија усвоија Декларација во 17 точки, со кои е повторена недвосмислената поддршка за европската перспектива на регионот, а исто така се наведени и задачите и принципите што треба да бидат исполнети за време на процесот на евроинтеграција.

Усвоен е и Анекс на декларацијата што се однесува на зајакнување на врските и соработката помеѓу ЕУ и Западен Балкан.

– ЕУ ја поздравува заедничката посветеност на партнерите од Западен Балкан на европските вредности и принципи и визија на силна, стабилна и обединета Европа поддржана со нашите историски, културни и географски врски и нашите взаемни политички, безбедносни и економски интереси, се наведува во првата точка на документот.

На Самитот Брисел претстави шест нови иницијативи кои би требало да помогнат во трансформација на регионот, негова подобра поврзаност и околу помирувањето.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан најави нови поттикнувања за шестте земји на Западен Балкан кои се надеваат на натамошно приближување кон ЕУ.

Брисел планира финансирање на десетина нови проекти поделени во шест групи, а се со цел да се забрза трансформација на регионот, а шестте нови иницијативи се вредни повеќе од стотина милиони евра. Сите земји од регионот ќе добијат поттик во сегментот за јакнење на владеење на правото, вклучувајќи ја тука и цврстата контрола за спроведување реформи. Хан вели дека државата која би влегла во полноправно членство во 2025 година, мора да ги заврши преговорите најдоцна до 2023 година.

 

Заев опции преговори Самит ЕУ Балкан Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.