Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи донел лична одлука од интерес на државата по сопствена проценка

2
By Нова ТВ on February 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 24, 2018 15:00

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека „негова одлука“ е да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука, со образложение дека на неа не е покането Косово. Оваа одлука според него е во согласност со интересите на државата.

– Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување.

Како што објави ТВ 24, од Владата велат дека се работи за проценка на вицепремиерот.

-Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена проценка да не учестува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот, велат од Владата на Република Македонија.

Премиерот Заев, коментирајќи ја одлуката на Османи, рече дека причината за тоа е „солидарноста што е изразена меѓу шесте земји од Западен Балкан секогаш да бидеме заедно“, додавајќи дека шесте земји од Западен Балкан секаде се заедно без разлика која колку е понапред во ЕУ интеграциите.

– Не знам зошто Косово не е покането, веројатно Босна и Херцеговина го нема признато. Ако една или две земји не се поканети, тогаш која е целта другите да присуствуваат. Не можам да потврдам колку е соодветно дадена изјавата на вицепремиерот Османи, зашто без објаснувањето кое го дадов испраќа погрешна порака до нашите партнери од регионот со кои сакаме да одиме напред. Знаеме дека сакаме да имаме добрососедски односи со сите и мораме при давањето на изјавата да внимаваме на одекот кон нашите соседи и внатре во државата, рече Заев, одговарајќи на новнарско прашање.

Оваа одлука на Османи предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. На својот фејсбук профил реакција напиша и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

-По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? Дека нема координација одамна е јасно, кадрите на СДСМ и ДУИ си тераат секој соло. Но, сега таа соло игра ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија. Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме или дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово? Не очекувам одговор од Османи, очекувам од Заев и СДСМ кој е спремен се да даде за власт! Толку ли му е слатка?, напиша Николоски.

Александар Николоски Бања Лука Влада Заев конференција Косово Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.