Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во ОН: Човечките страдања во Украина мора да престанат

0
By Gabi Tocko on February 25, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 25, 2023 10:40

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи вчера говореше на 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк каде упати силна осуда за воената агресија на Руската Федерација врз Украина, соопшти прес-службата на МНР.

Во своето обраќање, тој испрати порака до сите земји членки на ОН за важноста на усвојувањето на Резолуцијата на ОН за враќање на мирот и заштита на меѓународниот поредок и ги повика сите земји членки на Организацијата на ОН да се солидаризираат со Украина и со нејзиниот народ и да ја чуваат Повелбата на ОН која е нивна заедничка одговорност.

Денес е Украина, утре може да биде која било наша држава која се потпира на правилата и принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН ја смета како неспорна гаранција за независност, суверенитет и територијален интегритет на земјите. Руската Федерација ги прекрши овие фундаментални принципи, кои сите ги негуваме и за кои сите се согласуваме, без оглед на разликите меѓу нас, рече претседавачот на ОБСЕ пред Генералното собрание на ОН.

Османи јасно порача дека не може во 21 век да се прифатат „сферите на влијание“, објаснувајќи дека тоа е концепт за предизвикување конфликти, како што e случај со Украина. Потенцираше дека е недозволиво една држава со сила да ги менува границите на својот демократски сосед, да ја уништува нејзината инфраструктура и да предизвика неподносливо страдање на цивилното население.

Не можеме да дозволиме или да признаеме освојување на територии со војна и смешно организирани референдуми на окупирани територии. Не можеме да прифатиме владеење со сила и најсилните да одлучуваат за судбината на другите народи, изјави Османи.

Османи истакна дека Русија ја избрала погрешната страна на историјата и оттука мнозинството земји-членки ги прифатија досегашните резолуции на ОН, со што и ја осудија руската инвазија на Украина. Однесувањето на Русија како постојана членка на Советот за безбедност нема оправдување, истакна Османи. Русија освен што започна агресивна војна против Украина, предизвика и енергетска несигурност и недостаток на храна во светот.

Претседавачот на ОБСЕ ги пренесе позициите на Северна Македонија, која се води од принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН. Нашата земја од самиот почеток ја осуди руската војна против Украина и како голем број членки на ОН, даде поддршка на истрагата за евентуални воени злосторства врз украинскиот народ, а сега дава поддршка и на враќањето на мирот и заштитата на меѓународниот поредок.

Говорејќи од позиција на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека Русија со воената инвазија ги прекрши и принципите на ОБСЕ и Завршниот акт од Хелсинки. Пред Собранието, тој ги сподели личните сведоштва за време на теренската мисија на Украина.

Го посетив градот Бородјанка во близина на Киев кој беше особено тешко погоден од руските напади. Разговарав со луѓето, се запрашав: што згрешиле овие невини цивили, повеќето од нив постари луѓе или деца? Што згрешиле за да ја заслужат оваа судбина? Можеме да направиме многу повеќе од хуманитарна помош, можеме да ги спречиме овие човечки страдања. Како што вели мотото на нашето претседавање со ОБСЕ – За луѓето се работи!, истакна Османи.

Тој на претставниците на земјите-членки на ОН им порача и дека политичките дејствувања на национално и меѓународно ниво ќе бидат бесмислени ако се остане нем пред човечките страдања кои не се предизвикани од природни катастрофи, туку од намерна воена агресија. Потенцираше дека одговорност мора да има, бидејќи тоа е најефективното средство за ова што се случува во Украина да не ѝ се повтори на друга суверена држава и на друг народ.

Меѓународната заедница, отелотворена во Обединетите нации, не може да си дозволи грубо кршење на сите правила и принципи. Она што се наметнува како прашање, не е ништо помалку од визијата за светот во кој сакаме да живееме: или ќе обезбедиме мирен соживот и соработка меѓу народите, ослободени од закани од војна и агресија, или ќе бидеме принудени да живееме во постојан страв, нестабилност и неизвесност, истакна шефот на македонската дипломатија на ГС на ОН.

војна ГС на ОН обраќање Османи Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.