Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставката на Заев не е доставена, ДУИ на состанок, опозицијата најавува нова влада или предвремени избори

0
By Sashko on November 7, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Заев сé уште нe доставил оставка до Собранието од функцијата премиер, што ја најави на 31 октомври по завршување на вториот круг од локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ, кое во петокот вечерта објави дека има ново парламентарно мнозинство, вчера доби поддршка и од коалицијата „За обнова на Македонија“. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до понеделник ќе се чека Заев да ја достави оставката до Собранието, а ако тоа не се случи, ќе почне, како што рече, постапката за иницијатива за гласање на недоверба на Владата.

За денеска е најавен состанок на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Тетово. Партискиот лидер Али Ахмети, по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство, преку својот фејсбук профил порача дека нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија.

Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев кога соопшти дека поднесува оставка и од позицијата премиер и од претседателската функција на СДСМ, но напомена дека останува дел од партијата.

Согласно статутарните одредби на СДСМ, со оставката на Заев во оставка е и целото партиско раководство.

Оставката, пак, на премиерот повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но тој останува да ја врши должноста до изборот на нов владин состав.

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вчера на средбата со коалициските партнери повтори дека во наредниот период ќе се обиде да формира влада, но доколку постои сигурност дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет. Во спротивно, според него, единствено правилно решение се брзи предвремени парламентарни избори.

Влада власт Македонија мнозинство опозиција оставка премиер Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.