Опозициските борци, лојални на соборената авганистанска влада, вратија под своја контрола три северни области, само неколку дена откако талибанците ја презедоа контролата врз поголем дел од земјата, јави денеска „Гласот на Америка“.

Про-талибанските корисници на социјалните мрежи го потврдија воениот пресврт во северната провинција Баглан.

Се наведува дека најмалку 15 талибански борци се убиени, а 15 се ранети во, како што тие го нарекуваат, предавство на амнестијата што ја објавија талибанците за членовите на поранешната влада.