Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски решенија за медиумите, колку да се протуркаат изборите

0
By Нова ТВ on July 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2016 11:05

Договорот за медиумите на последните преговорите на партиите – потписнички на Пржино е транзициска работа и нема да донесе ништо добро за медиумите, велат познавачите од медиумската сфера кои ги консултираше НОВА.

По последните преговори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА одлучија да се формира ад-хок медиумско тело кое ќе функционира до завршувањето на изборниот процес и ќе врши проценка на балансираното известување.

Четирите партии по претходни консултации со новинарските организации ќе одберат четири члена, од кои едниот ќе биде Албанец, а избраните четвoрица, ќе имаат 15 дена со консензус да го одберат петтиот член.

Првиот прекршок што ќе го регистрира ад-хок телото, ќе биде санкциониран со предупредување, а по вториот ќе следат парични казни. Според договорот, ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак треба да се разликува од пласирање на информација.

Од Здружението на новинарите  на Македонија отфрлија какви било консултации со партиите во однос на фомирање на новото тело. Според првиот човек на здружението, Насер Селмани, договорот уште повеќе го партизира медиумскиот систем и токму затоа тие нема да дадат легитимитет на таков договор.

-Сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијание. Ад-хок партиското тело во рамките на Агенцијата на медиуми е неприфатливо за нас. Единствено решение е избор на нов Совет на Агенцијата каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за формирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи партиски решенија кои нема да бидат во интерес на новинарите. Секоја друга можност што ќе ја имаме, ќе алармираме и ќе ја информираме јавноста дека тие решенија се неприфатливи, изјави Селмани.

znm
Насер Селамани – Претседател на ЗНМ

Според Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите, под знак прашалник е колку тоа тело ќе биде репрезентативно, за да може да дава објективна оценка за медиумското известување.

-Нејасно е која е потребата од ново тело кога веќе такво постои и тоа е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Зошто тоа тело не го избира Државната изборна комисија, ако целта е да функционира до изборите. Самито состав на телото е тешко замислив, најверојатно партиите ќе предложат медиумски експерти, меѓутоа петтиот член ќе биде одлучувачки за сите активности. Тоа тело ми се чини премало за да може да дава објективна оценка и за да биде репрезентативно за да може да ги набљудува сите медиуми, вели Георгиевски.

crmDG
Дејан Георгиевски – Центар за развој на медиумите

Според главниот и одговорен уредник на Радио Слободна Европа, Зоран Ќука, целиот договор наликува на „изборен политички договор“. Ќука вели дека политички договор за медиумите не е добар.

-Јас не мислам дека некој новинар може да каже дека делот за медиумите од овој, јас би го нарекол „изборен политички договор“, а не договор за излез од криза, е добар договор. Прво нема добар политички договор за медиуми. Така е и со овој партиски договор. Многу малку партиско преправање и многу сурова реалност. Можеме да ламентираме колку сакаме за предлогот за Ад хок телото кое ќе го набљудува почитувањето на медиумските одредби од Изборниот законик и кое ќе биде составено од пет лица. Но, таму е сепак, напишано дека 5 те членови ќе се бираат во консултации со релевантни професионални организации. Ај да видиме, па да судиме, вели Ќука.

28080golema
Зоран Ќука – главен и одговорен уредник на Радио Слободна Европа

Уредник на јавниот сервис по предлог на опозицијата

Во однос на јавниот сервис, договорено е МРТВ да добие уредник на информативната програма од редовите на опозицијата, кој е стапи на функција сто дена пред изборите. Ова според  експертите, ќе се нанесе дополнителен удар врз јавниот сервис кој ќе се преобрази во партиско гласило на опозицијата.

-Апсурдно е решението за МРТВ, партискито уредник на власта, ќе се замени со партискиот послушник од опозицијата. Со тоа уште повеќе ќе се засилува партискиот притисок врз МРТ кој место сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси. Ако сакаме независен и професионален јавен сервис, раководните структури на МРТ треба да се департизираат и да се обезбеди независен и одржлив извор на финансирање, вели Селмани.

Новинарот Ќука вели дека новинарскиот еснаф по изборите треба да стане посилен фактор во одлучувањето за себе.

-За мене делот од договорот, во кој се наведува дека најголемата опозициска партија ќе го номинира главниот уредник на информативната редакција на јавниот сервис (МРТВ) меѓу експерти во областа, е жална работа. Прво доста ни е на сите веќе од партии што предлагаат уредници! Но на крајот, би сакал да се надевам, или барем така го доживувам, дека овој договор во делот за медиумите е транзициона работа. Тоа премостување го гледам во членот 3 каде четирите политички партии се обврзуваат да ја изменат медиумската легислатива во согласност со итните реформски приоритети и извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите. На партиите не им верувам, но се надевам дека еснафот и медиумите по изборите ќе се менуваат и ќе бидат посилен фактор во одлучувањето за себе, смета Ќука.

Четирите политички партии исто така според Договорот се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива согласно итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите.

ВМРО-ДПМНЕ ДПА ДУИ ЗНМ медиуми мртв СДСМ ЦРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.