Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски убеден: Резултатот на референдумот нема да биде тесен

0
By Нова ТВ on September 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 23, 2018 18:21

Со евроатланска интеграција на Македонија младите ќе добијат поголема можност во својата држава и ќе се намали иселувањето во странство, им укажа денеска на вевчанци националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Во рамки на кампањата „Излези ЗА Европска Македонија“ тој оствари средби со различни категории граѓани, од млади до пензионери, пред кои ги презентира придобивките што значи да се гласа „за“ на референдумот на 30 септември и што ќе значи тоа за Македонија.

„Една држава која има гарантиран територијален интегритет и суверенитет и стабилни и заштитени граници има одлична можност да се развие и економски“, рече Пендаровски.

Пендароски појасни дека прво ќе влеземе во НАТО за околу една година, што ќе значи сигурност и гарантирање на територијалниот интегритет на Македонија.

„Ние имаме датум за почеток на преговори во јуни 2019 година. Ако го реализираме овој договор гаранциите од Брисел се дека ќе почнеме преговори во јуни идната година. Тоа значи отворање на уште поголеми перспективи за младите, но и за сите возрасни категории. Не постои ниту една држава во Европа која се развила, а да не била дел од Унијата особено поранешните комунистички земји. На сите нив им помогна ЕУ и НАТО да се стабилизираат и да направат економски развој“, истакна Пендаровски.

Веднаш по членството во НАТО, според него, се зголемува и бројот на странските и домашните инвестиции бидејќи иднината на државата е загарантирана. Перспективите во однос на економијата се уште поголеми со влезот во ЕУ.

„Резултатот нема да биде тесен. Многу луѓе се убедени за придобивките на земјата со влез во НАТО и ЕУ и се сигурни дека ќе гласаат „за“. Барем во Вевчани мислам дека не треба да се убедуваат многу луѓето, посебно младите. Тие се една космополитска генерација која има шетано низ светот, но и со модерните технологии знаат што значи да си изолиран, а што да си дел од модерниот свет, изјави Пендаровски.

Во Вевчани, како и во другите населени места, нагласи, расположението расте и изрази убедување дека разликата на 30 септември ќе биде голема на оние кои се „ЗА Европска Македонија“.

Вевчани ЕУ кампања НАТО референдум Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.