Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Изјавата на рускиот амбасадор е „несреќна“

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 3, 2018 14:57

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, коментирајќи ја изјавата на рускиот амбасадор Олег Шчербак дека во можно сценарио на напад на НАТО врз Русија, Македонија како членка би била потенцијална мета на руски напад, денеска изјави дека Македонија не е закана за Русија.

– Претпоставувам дека неговата изјава тргнува од нивната најнова воена доктрина односно дека се што е НАТО за нив е легитимна цел, и особено ако на територијата на Македонија утре како членка на НАТО се инсталираат воени бази кои би можеле да бидат дополнителна закана за нив. Мојата политичка квалификација би била дека станува збор за несреќна изјава. Руската Федерација нема ниту една причина да се плаши од Македонија – денес кога не е членка на НАТО и утре кога ке стане, оцени Пендаровски.

Во врска со преговорите со Грција за решавање на спорот со името, тој рече дека не е песимист, туку реалист во однос на прашањето за името и оцени дека земјата се уште е во рана фаза од преговорите со Грција.

– Ако на 11 и 12 јули не добиеме покана за влез во НАТО, не гледам што е пологично, освен да продолжиме да преговараме. Не мислам дека треба да го архивираме тоа прашање бидејќи тоа е нашата стратешка позиција. Не гледам воопшто друга алтернатива која е подобра од оваа, и тој аспект апелирам дека нема Македонија да ја нема ако на 13 јули немаме договор, рече Пендаровски.

Говорејќи на научната тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“ на Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум, тој истакна дека 50 отсто од исходот во преговорите зависи од македонската страна, а останатите 50 проценти од грчката страна, односно дали таа има волја да направи нормален договор, достоинствен за двете страни.

– Тука постои и трет фактор – меѓународната заедница, клучни играчи кои се во заднина, кои, исто така, имаат свои интереси дури и некои што не се формално вклучени во процесот, надвор од регонот, кои не се дел од атлантската заедница, кои на разни начини индиректно можат да го опструираат тој процес, рече Пендаровски и додаде дека немало поголема политичка волја за компромис во однос на името од оваа актуелна Влада откако сме независна држава.

Оцени дека се уште се работи за рана фаза од преговарачкиот процес.

– Постоеше иницијален сет на идеи од медијаторот Метју Нимиц, два месеци наназад, и во меѓувреме последнава втора рунда преговори, по празниците веројатно ќе следи трета рунда преговори, и според мене тоа е се уште малку како интензитет на средби и до овој момент позициите се се уште различни, рече Пендаровски.

Во врска со изјавите од одредени американски експерти дека ако нема исход во преговорите, може и на друг начин да бидеме примени во НАТО под привремената референца, рече дека тоа се предвидувања, односно вин-вин сценарија на експерти кои не се вклучени внатре во процесот.

 

Грција Македонија НАТО Пендаровски преговори Русија Шчербак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.